Михаил Димоние
| Михаил Димоние | ||
| Роден | 1870 Охрид, Отоманска Македонија | |
|---|---|---|
| Починал | 8 декември, 1935 Букурешт, Романија | |
| Занимање | Претприемач, ботаничар и просветител. | |
Михаил Димоние, познат и како Михаел Димоние (Охрид, 1870 – Букурешт, 8 декември 1935) — влашки ботаничар, учител и претприемач кој е претежно познат како најголемиот собирач на растенија во јужниот дел на Балканот во почетокот на 20 век сѐ до Првата светска војна.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден во градот Охрид (влашки: Ohãrda), тогаш дел од Битолскиот Вилает, под склоп на Отоманското Царство. Потекнува од богато трговско влашко семејство.[1] Михаил заедно со неговиот брат со дополнителна помош од Густав Вајганд, истакнат деец во влашките студии, го откриле Кодекс Димоние, познато дело во влашката култура и еден од најстарите литературни дела на влашки. Најверојатно напишан од нивниот прачичко. Документот го откриле во семејните архиви во 1889 година.[2]
Димоние бил пратен во Романија за да се образува во Букурешкиот универзитет. Откако дипломирал тој предавал во машкото гимназиско романско училиште во Битола. После тоа се преселил во Романија каде што работел како просветител во Каракал и Бранешти и сѐ до 1912 година работел во романско училиште во Солун. Со почетокот на Балканските војни Димоние повторно се вратил во Каракал каде што бил назначен и за директор на еден од гимназиите. Во 1933 година се пензионирал.[1]
Поради влијанието на Димитрие Греческу, ботаничар од Шимијан, Романија, Димоние почнал да собира растенија за да ги додаде во неговата колекција. Од првин тој почнал да собира тревки во Охрид, Битола и во планината Баба. После тоа продолжил со неговите дејства во Олтенија, регион во југозападна Романија. Тој ги објавувал неговите откритија во сопствената енциклопедија „Plantae Macedonicae“. Почнал да го издава комерцијално во различни институции низ Европа. Но, неговата колекција била целосна изгубена со големиот Солунски пожар во 1917 година кој уништил две третини од градот. Димоние сакал да продолжи со неговите дејства но прекинал кога неочекувано загинал неговиот ментор Николае Јакобешу. За време на неговата пензија тој почнал да сади растенија од Азија во Браила.[1]
Неочекувано починал во Букурешт, на 8 декември 1935 година со 65 години возраст.[1]
Ботаничарски дејства
[уреди | уреди извор]Михаил Димоние е еден од најраните ботаничари во Балканот. Голем дел од неговите истражувања биле сконцентрирани кон Македонскиот регион. За жал голем дел од видовите кој ги открил денес не се знае од каде потекнуваат, поради тоа што во неговите објавени истражувања тој ги користел старите турски топоними на Македонија, како на пример Ќопрулу наместо Велес. Додека во некои од неговите дела тој воопшто не ги спомнал местата. Димоние бил еден од првите ботаничари кој ја истражувал фауната во Пиринска Македонија. Сите видови кој ги открил ги обележил со заедничкиот поим Plantae Macedonicae (превод: Фауна на Македонија). Поради недостатокот на податоци во тоа време Димоние редовно ги грешил имињата на други, претходно откриени, видови во неговите трудови. Сепак неговиот придонес не е потценет. Димоние исто така ја збогатил влашката култура со неговите трудови, тој ги преведувал имињата на растенија во влашки.[1]
Освен Plantae Macedonicae Димоние имал две други големи колекции. Една во Солун, уништена во 1917 година со големиот Солунски пожар, другата, во личната градина на Греческу, била уништена за време на бомбардирањето на Букурешт од страна на сојузниците во 1944 година.[1]
Поради неговиот недостиг на материјал и поддршка, голем дел од неговите трудови останале необјавени. Дел од нив биле прикажани во делата на други ботаничари. Голем дел од неговите предложени имиња на видови биле отфрлени поради тоа што, без знаејќи, предложувал имиња за веќе откриени видови. Сепак неговиот труд е почитуван во ботаничарството. Во негова чест два вида го носат неговото име, вид на тревка во Кораб го доби името Hieracium dimoniei и вид на Бабјак блиску до Гевгелија го добило името Verbascum dimoniei.[1]
Литература
[уреди | уреди извор]Димоние ги објавил следните дела:
- Димоние, Михаил; Греческу, Димитрие (1899). Plantes de La Macedoine Appartenant Au Vilayet de Monastir. ISBN 9781160227940.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 7 Tan, Kit (2019). The botanical legacy of Mihael Dimonie (1870–1935), an almost forgotten plant collector in the southern Balkan Peninsula before the First World War. Willdenowia. стр. 257.
- ↑ Кахл, Теде (2016). Geschichte der Kodifizierung des Aromunischen. Tübinger Beiträge zur Linguistik. стр. 33–64. ISBN 9783823378815.