Михаил Гугувчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Михаил Гугувчевски (Тетово, 19 октомври 1922Скопје, 27 декември 1975 бил македонски агроном, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Дипломирал и се вработил на земјоделскиот факултет во Скопје (19611975). Докторирал на темата „Пораст и развиток на меката пченица (Tr. Aestivum L.) во агроеколошките услови на Овче Поле“ на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје во 1969 година. Во НОБ учествувал од 1944 година. Пред тоа бил вклучен на заднинска работа. Автор е на поголем број научни и стручни трудови.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (на македонски) Македонска енциклопедија. I (I издание). МАНУ. ISBN 978-608-203-024-1.