Михаелис–Ментенова кинетика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Михаелис–Ментенова сатурациска крива за ензимска реакција на која е прикажан односот помеѓу коннцентрацијата на супстрат и брзината на ензимската реакција.

Во биохемијата, Михаелис–Ментеновата кинетика е еден од најпознатите модели кои ја опишуваат ензимската кинетика. Наречена е според германскиот биохемичар Леонор Михаелис и канадската докторка Мод Ментен. Овој модел ја опишува брзината на ензимската реакција во случаи каде количеството на супстрат е поголемо од количеството на ензим. Равенката е

Во равенката, ја претставува максималната брзина која може да се постигне од системот, односно кога сите активни места на ензимот ќе се заситат, при што колку и да се зголемува концентрацијата на супстратот поголема брзина не може да се постигне. Михаелисовата константа претставува концентрацијата на супстрат при која брзината на реакцијата е половина од максималната .[1]

Наводи[уреди | уреди извор]