Мито Ѓорѓијоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мито Ѓорѓијоски
Роден 1922 година
Орланци, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Брчко, Босна и Херцеговина
Националност Македонец

Мито Лубев Ѓорѓиjоски ( 1922 во Орланци (Кичевско)1945 во Брчко, Босна и Херцеговина) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и Југославија, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско семејство. По завршувањето на основното училиште во Белград, го изучил пекарскиот занает. По окупацијата, место да се врати во своето село, продолжил да работи во Белград. Во 1943 година почнал активно да работи за народно ослободителното движење, а во пролетта 1944 година им се приклучил на партизанските единици. Учествувал во завршните борби за ослободувањето на Југославија и загинал при пробојот на Сремскиот Фронт кај Брчко во борба со Германците во април 1945 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 57.