Митот за Сизиф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Митот за Сизиф  
Автор Албер Ками
Наслов на
оригиналот
Le Mythe de Sisyphe
Земја Франција
Јазик Француски
Предмет(и) Егзистенцијализам
ISBN 0-679-73373-6

Митот за Сизиф (француски: Le Mythe de Sisyphe) — филозофски есеј од 1942 на Албер Ками.

Ками пишува за својата филозофија на апсурдот: човечката залудна потрага по значење, смисла, единство и јасност соочен со несфатлив свет, лишен од Бог и вечните вистини и вредности. Ками се прашува дали од ова сознание следува самоубиство? Неговиот одговор: „Не. Ова сознание бара бунт.“ Следствено, Ками опишува неколку можни патишта за апсурдниот живот. Во последното поглавје Ками го споредува апсурдот на животот со ситуацијата на Сизиф, лик од грчката митологија кој бил проколнат вечно да турка камен по стрмнината на некоја планина. Заклучок на есејот: „Самата борба [...] е доволна да го исполни срцето на човекот. Не ни останува ништо друго освен да го замислиме Сизиф како среќен.“

Ова дело честопати се поврзува со други дела од опусот на Ками: романот Странецот (1942), драмите Недоразбирање (1942) и Калигула (1944), но особено есејот Бунтовникот (1951).

Содржина[уреди | уреди извор]