Митологија (книга)
| Автор | Едит Хамилтон |
|---|---|
| Илустратор | Стил Севиџ |
| Предмет(и) | Старогрчка митологија, Римска митологија, и Нордиска митологија |
| Издавач | Литл, Браун и Компани |
Издадена | 1942 г. |
| Страници | xiv, 497 страници |
„Митологија: Безвременски приказни за богови и херои“ — книга напишана од Едит Хамилтон, објавена во 1942 година од „Литл, Браун и компанија“.[1] Оттогаш била повторно издадена од неколку издавачи, вклучувајќи го и илустрираното издание по повод 75-годишнината.[2] Прераскажува приказни од старогрчката, римската и нордиската митологија извлечени од различни извори. Воведот вклучува коментар за главните класични поети што се користеле како извори и за тоа како промените во културите довеле и до промена на карактеризацијата на божествата и нивните митови. Често се користи во средните училишта и колеџите како воведен текст во античката митологија и верување.
Содржина
[уреди | уреди извор]Книгата содржи вовед и седум дела:[3]
- Старогрчки богови на Олимп и статогрчки митови за создавањето
- Старогрчки и римски митови поврзани со љубовта и авантурата, вклучувајќи ги приказните за Ерос и Психеја и потрагата на Јасон по Златното руно
- Херои пред Тројанската војна, како што се Персеј, Тезеј, Херакле и Аталанта
- Тројанската војна и нејзините херои, вклучувајќи ги Одисеј, Енеј и Ахил
- Значајни семејства во грчката митологија: династијата на Атреј, кралската династија на Теба и кралската династија на Атина
- Помалку познати приказни од старогрчката и римската митологија
- Приказни од нордиските митови во кои се вклучени божества како Один, Тор и Локи
Повеќето изданија вклучуваат цртежи од американскиот илустратор Стил Севиџ.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Mythology“. www.goodreads.com. Посетено на 3 July 2019.
- ↑ Noble, Barnes &. „Mythology: Timeless Tales of Gods and Heroes, 75th Anniversary Illustrated Edition|NOOK Book“. Barnes & Noble (англиски). Посетено на 3 July 2019.
- ↑ Edith Hamilton, Mythology, Little, Brown and Company, 1942.