Митницата
Изглед
| Митницата | |
|---|---|
| Надм. вис. | 708 м |
| Место | Неврокопско, Пиринска и Егејска Македонија |
| Венец | Стргач и Белотински Планини |
| Координати | 41°26′18″N 23°48′23″E / 41.4382°N 23.8063°E |
![]() | |
Митницата — планинско седло и превој во Неврокопско, на границата помеѓу Пиринска и Егејска Македонија. Сместен е меѓу планината Стргач на запад и Белотинските Планини (Перица) на исток. Низ него поминува бугарско-грчката граница.[1]
Го носи името на поранешна митница (царински премин).[2] Низ седлото проаѓа вододелницата помеѓу сливот на Матница на север и непроточната Белотинска Котлина на југ.[1] Сместено е на надморска височина од 708 м[3] и долго е околу 3 км. Сочинето е од метаморфна карпа покриена со песочно-глинести седименти. Почвата е излужена циметна шумска почва. Во минатото низ седлото поминува Драмскиот пат од Неврокоп за Драма.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 578. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 160.
- ↑ Асенов, Асен (2013). „Планината Перица (Бесленски рид) – част от защитена зона „Долна Места" – BG 0000220“ (PDF). Годишник на Софийския университет „Св. Климент Охридски“. Геолого-геогрфски факултет. София. 2. География (105): 197. ISSN 0324-2579. Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-05-19.
