Прејди на содржината

Мис Стон (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мис Стон (филм од 1958))
„Мис Стон“
плакат
РежисерЖика Митровиќ
СценаристЃорѓи Абаџиев
Трајче Попов
Главни улогиОлга Спиридоновиќ
Илија Милчин
Марија Тоциноски
Илија Џувалековски
Петар Прличко
Виктор Старчиќ
Тодор Николовски
МузикаИван Рупник
КинематографијаМиленко Стојановиќ
МонтажаВоислав Бјењас
ДистрибутерВардар филм
Премиера1958
Времетраење96 минути
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Мис Стон е македонски историски филм од 1958 година, режиран од Жика Митровиќ, со Олга Спиридоновиќ, Илија Милчин, Марија Тоциноски, Илија Џувалековски, Петар Прличко и Виктор Старчиќ во главните улоги.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот е сместено во 1901 година и тоа е засновано врз вистински настан - грабнувањето на американската протестантска мисионерка Мис Стон (во филмот ја игра Олга Спиридоновиќ) од страна на Јане Сандански (Илија Милчин) и неговата чета во Македонија.

За откуп на Мис Стон се побарани 25.000 златни лири кои на четата на Јане Сандански ѝ се неопходни за набавка на оружје. Меѓутоа, ова барање треба да се потпише и од Мис Стон. Таа категорично одбива да го направи тоа, но откако минува низ неколку борби водени со турскиот аскер, застанува на страната на комитите и го потпишува писмото, чии барања, на крајот и се исполнети.

На Филмскиот фестивал во Пула во 1959 година, Олга Спиридоновиќ ја добива наградата „Златна арена“ за главна женска улога, а Петре Прличко се закитува со истото признание кај мажите. „Златна арена“ добива и Василие Поповиќ - Цицо за неговата работа со сценографијата. Филмот, исто така, добива почесни дипломи на фестивалите во Единбург, 1960 година и Њу Делхи во 1961 година.[1]

  1. „Мис Стон“. Македонски Информациски Филмски Центар. Архивирано од изворникот на 2009-06-14. Посетено на 2008-09-15.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Дел од темата „Јане Сандански