Мисти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мисти
Volcan Misti.JPG
Највисока точка
Надм. вис. 5822 м [1]
Истакнатост 1785 м
Заведена како Ultra
Координати 16°17′40″ ЈГШ 71°24′32″ ЗГД /  [1]
Географија
Место Арекипа, Перу
Матичен венец Анди
Геологија
Вид планина стратовулкан
Вулкански лак/појас Централна Вулканска Зона
Последен избув 1985

Мисти, исто така познат како Путина[2] или Гуагуа Путина[3]стратовулкан од андезит, дацит и риолит[4], кој се наоѓа во јужниот дел на Перу, во близина на градот Арекипа. Со својот сезонски снежен покриен симетричен конус, Мисти се издига на 5,822 метри надморска височина и се наоѓа помеѓу планината Чачани (6,075 метри) и вулканот Пичу Пичу (5,669 метри). Последната ерупција се случила во 1985 година, 198 години по нејзината претходна документирана ерупција[1].

Опис[уреди | уреди извор]

Мисти има три концентрични кратери. Активни фумароли или вулкански отвори за гас може да се видат во внатрешниот кратер[5]. Во близина на внатрешниот кратер, шест инкиски мумии и ретки инкиски артефакти биле пронајдени во 1998 година за време на едномесечното ископување во режија на археолозите Јохан Рајнхард и Хозе Антонио Чавез. Овие наоди моментално се чуваат во музејот во Арекипа.

До врвот на вулканот има две главни качувачки линии. Патеката Пасторес започнува на 3.300 метри. Обично кампот е направен на 4.500 метри во Нидо де Агилас. Патеката Агуада Бланка започнува на 4.000 метри во близина на резервоарот Агуада Бланка, а кампот е направен на 4.800 метри во Монте Бланко (кампот е именуван по Мон Блан, чиј врв е приближно ист според надморската височина). Патеките за искачување не содржат технички потешкотии, но и двете се сметаат за напорни поради стрмните песочни падини.

Околина[уреди | уреди извор]

Долгата историја на ерупции од Мисти и неговите соседни вулкани предизвикало локалната почва да биде исклучително плодна, со што околината е една од најкорисните во Перу[5]. Локалните жители, исто така, прават широка употреба на бела вулканска карпа наречена силар, која е лесно употреблива[5]. Градот Арекипа има значителен број на градби изградени со силар, што резултира со неговиот прекар „Белиот град[5].

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „El Misti“. Смитсонова установа. https://volcano.si.edu/world/volcano.cfm?vnum=1504-01%3D. посет. 21 декември 2008 г.  (англиски)
  2. Thomas Besom, Of Summits and Sacrifice: An Ethnohistoric Study of Inka Religious Practices, An ethnohistoric study of Inka religious practices, University of Texas press, 2009
  3. „Global Volcanism Program | El Misti“ (на en). https://volcano.si.edu/volcano.cfm?vn=354010. 
  4. http://gsabulletin.gsapubs.org/content/113/12/1593
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Scheffel, Richard L., уред (1980). Natural Wonders of the World. United States of America: Reader's Digest Association, Inc. стр. 251. ISBN 0-89577-087-3. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Reinhard, Johan (2005). The Ice Maiden: Inca Mummies, Mountain Gods, and Sacred Sites in the Andes. Washington, D.C.: National Geographic Society. ISBN 0-7922-6838-5. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]