Роден на својата скулптура ѝ дал поетско значење, прикажувајќи го Данте пред „вратата” на пеколот. Денес постојат повеќе од 20 копии на оригиналното дело во слични димензии, додека многу е поголем бројот на оние кои се помали.
Скулптурата првично била замислена како дел од Роденовото дело Вратата на пеколот (француски: La Porte de l'Enfer). Меѓутоа, сепак се одлучил скулптурата да ја изведе самостојно. Мислителот денес има култен статус и претставува симбол на филозофијата и интелектуалната активност.[1]