Мисија за набљудување на Ангола на Обединетите нации

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мисија за набљудување на Ангола на Обединетите нации
КратенкаMONUA
Основана30 Јуни 1997
ВидМировна мисија
Правен статусЗавршена
ВодачИса Диало
Матична организацијаСовет за безбедност на ООН
Мреж. местоМрежно место

Мисија за набљудување на Ангола на Обединетите нации (MONUA), Mission d'Observation des Nations Unies à l'Angola, била основана со резолуцијата 1118 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 30 јуни 1997 година.[1] Поради падот на мировниот процес во Ангола, генералниот секретар на ООН му препорачал на Советот за безбедност на ООН, мандатот на MONUA да не бил обновен.[1] Мисијата официјално завршила на 24 февруари 1999 година, според условите на Резолуцијата 1213.[1]

Мандат[уреди | уреди извор]

MONUA била последната мировна мисија во Ангола, и претходеле три други мировни мисии: UNAVEM I, II и III.

Граѓанската војна во Ангола се водела помеѓу 1974 и 2002 година и била најдолготрајниот конфликт во Африка. Од 1988 година, Сините шлемови биле присутни во Ангола како набљудувачи на конфликтот меѓу комунистичкото движење MPLA (Movimento Popular de Libertação de Angola), на кое му припаѓал претседателот Хосе Едуардо дос Сантос, и UNITA (União Nacional para a Independentancia Total de Angola), првично маоистичко движење.

На почетокот на мисијата во 1997 година, мировните сили на ООН се состоеле од приближно 3500 војници, наљудувачи и полициски единици, кои доаѓале од 17 земји. Овој број бил намален на 400 во 1999 година, кога завршила мисијата. Во конфликтот загинале седумнаесет сини шлемови.[2]

Од раскинувањето на MONUA, мировните сили на ООН повеќе не биле присутни во Ангола.  [ потребно е цитирање ]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 {{{date}}}. посет. 6 септември 2008 г.
  2. Sheik, Mani; Gutierrez, Maria Isabel; Bolton, Paul; Spiegel, Paul; Thieren, Michel; Burnham, Gilbert (2000). „Deaths among humanitarian workers“. BMJ. 321 (7254): 166–168. doi:10.1136/bmj.321.7254.166. PMC 1118167. PMID 10894699.