Мисионерска поза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Варијација на мисионерска поза

Мисионерската поза — вообичаена сексуална поза. Во влијателната студија Сексуално искуство на жената (1953), истражувачот Алфред Кинсеј вели дека 91% од жените во брак изјавиле дека најчесто имаат секс заземајќи ја оваа поза, а 9% од нив изјавиле дека при секс ја заземаат исклучиво оваа поза. Партнерите се свртени со лицето еден кон друг, при што рецептивниот партнер се наоѓа оздола со раширени нозе.

Основни пози[уреди | уреди извор]

  • Рецептивниот партнер (жената) лежи на грб, со раширени нозе (хоризонтално во иста рамнина со грбот) или склопени околу телото на партнерот. Може да ги склопи нозете околу партнерот на различна висина: околу неговите бедра, на неговиот задник или грб, или преку неговите рамења. Генерално земено, што повеќе се подигнати нозете тоа пенетрацијата е подлабока.
  • Пенетрирачкиот партнер лежи на жената, неговите нозете се меѓу нејзините, препоните на иста висина со нејзините за да се олесни пенетрација.

Варијации[уреди | уреди извор]

Со користење на вештачки пениси, strap-on дилдоа при анален и/или вагинален секс, било која двојка може да се најде во мисионерска поза.

Анален секс[уреди | уреди извор]

Кај оваа варијација на мисионерска поза, партнерите лежат, исто како во основната поза, лице во лице при што рецептивниот партнер е оздола. Со цел да се постигне соодветен агол на продор, нозете на рецептивниот партнер најчесто се подигнати, понекогаш на рамената на пенетрирачкиот партнер.

Вагинален секс[уреди | уреди извор]

Кај оваа варијација на мисионерска поза, партнерите лежат исто како во основната поза, лице во лице при што рецептивниот партнер е оздола. Не е неопходно дигање на нозете или користење на перница, но може да се направи тоа со цел да се зголеми задоволството при општење.

Странично[уреди | уреди извор]

Во оваа поза, рецептивниот партнер е легнат странично, при што горното колено треба да се свитка и придвижи навнатре.

Користејќи подигната површина[уреди | уреди извор]

Во оваа варијанта, пенетрирачкиот партнер стои, а примачкиот партнер лежи на грбот, на висина иста или нешто помала од висината на појасот на пенетрирачкиот партнер. Примачкиот партнер по потреба го подига карлицата. Најзгодно место за примачкиот партнер да се смести за ваква положба е креветот, кој може да е нешто понизок од потребната висина. Во таков случај, пенетрирачкиот партнер може да се навали на примачкиот партнер, или примачкиот партнер може под себе да подметне перница или друг предмет под опашниот р'бет, за да го подигне половиот орган. Општо земено, површини како маси и шанкови се со посоодветна висина. Ако позицијата се постигне со минимално потпирање на пенетрирачкиот партнер, партнерите ќе можат слободно да се милуваат за време на односот.

Нозете нагоре[уреди | уреди извор]

Оваа позиција веројатно била многу популарна во Стара Грција бидејќи често се среќава на грнчарија од класичниот период.[1]

Потекло на изразот[уреди | уреди извор]

Прифатено е верувањето дека изразот „мисионерска положба“ произлегол како одговор на учењата на христијанските мисионери дека оваа сексуална поза била единствената „правилна“ за изведување на полов однос. Ова всушност е мит. Веројатно изразот произлегол некаде помеѓу 1945. и 1965. година преку забуна и погрешно толкување (веројатно ненамерни) на историски документи.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Catherine Johns, Sex or Symbol?: Erotic Images of Greece and Rome, London: Routledge, 1999.
  2. „Assuming the missionary position…again“. The Straight Dope. Cecil Adams. 2005-06-17. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  3. Priest, R.J., Missionary positions, Current Anthropology, 42, 29 (2001)