Мир-Јам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мир-Јам
Mir-Jam.jpg
Роден/а22 април 1887(1887-04-22)
Јагодина, Кралство Србија
Починат/а22 декември 1952(1952-12-22) (воз. 65 г.)
Белград, ФНР Југославија
Занимањеновелист, драматург

Милица Јаковљевиќ (Јагодина, 22 април 1887Белград, 22 декември 1952) позната како Мир-Јам, била српска новинарка и писателка. Новинарската кариера ја започнала во белградските „Новости“, а продолжила во „Неделни илустрации“. Под псевдонимот Мир-Јам објавила голем број на љубавни приказни и романи. Една е од трите жени, меѓу сто најзначајнији српски новинари кои се споменати во монографијата за два века на српското новинарство (1791-1991).

Биографија[уреди | уреди извор]

Милица Јаковљевиќ била родена во Јагодина, во големото семејство на Јаков Јаша Јаковљевиќ, кој имал државен чин. Јаков Јаковљевиќ бил вдовец со осум деца. Роднините и пријателите го советувале да се ожени со Симка, вдовица без деца. Во тоа време се сметало дека ако во бракот нема деца, жената е виновна, па ако Симка немала деца претходно, нема да ги има ни во браот со Јаков. Но, после првата година брак, Симка ја родила ќерката Милица, три години подоцна, во 1890 година во Књажевац го родила синот Стеван, а во Крагујевац најмладата ќерка Зора. Стеван Јаковљевиќ, братот на Милица Јаковљевиќ, исто така станал познат српски писател, автор на првиот српски бестселер „Српска трилогија“.[1][2]

Според сеќавањата на глумицата Невенка Урбанова, Милица Јаковљевиќ била убава раскошна русокоса. Зборувала руски и француски јазик.[3] Иако во своите дела пишувала за љубовта и бракот, таа никогаш не се омажила.[4]

Детството и младоста ги поминала во Крагујевац. Завршила Виша женска школа во Белград,[5] каде се школувала за учителка. Од 1906 до 1919 година работела како селска учителка.[6][7]

Новинарска кариера[уреди | уреди извор]

После Првата светска војна, се преселила во Белград и започнала новинарска кариера во дневниот весник „Новости”, а потоа во „Неделни илустрации”. Милица ја започнала новинарска кариера на 1 јануари 1921 година и работела без прекин до 6 април 1941 година. Првите пет години ги поминала во „Новости”, а наредните 15 во „Неделни илустрации".

За време на Втората светска војна, која ја минала на работ на сиромаштија и беда, Милица Јаковљевиќ во 1941 година одбила да соработува во окупациските дневни весници „Ново време" и „Обнова", под изговор дека е уморна и стара, а всушност не сакала да го извалка својот и образот на братот Стеван, мајор во кралската војска во заробеништво.[7][2]

Во 1945 година, се обидела да ја продолжи новинарската кариера во „Глас“, весник кој продолжил да излегува во Белград по ослободувањето. По војната, од 12 жени новинарки, три не ја дочекале слободата, една била осудена на робија поради соработка со окупаторот, три престанале да се занимаваат со новинарство, и само пет жени новинарки во 1945 година продолжиле со работа, меѓу кои и Милица Јаковљевиќ.[7]

Во монографијата за два века на српското новинарство (1791-1991), меѓу сто најзначајни новинари само три се жени - Мага Магазиновиќ, Деса Глишиќ и Милица Јаковљевиќ - Мир-Јам.[6]

По војната[уреди | уреди извор]

Според тогашните правила на Здружението на новинари, новинарот кој не работи шест месеци како новинар, го губи статусот новинар. Така, Милица Јаковљевиќ го изгубила статусот новинар, бидејќи не успеала да биде во чекор со потребите на новинарскиот занает во „Глас“. Од пет новинарки таа била најстара. Здружението на 14 декември 1945 година ја избришало од списокот на новинари.[7] Мир-Јам, искусен новинар и публицист, во 1945 година залудно се обидувала да се вработи. На седница на Сојузот на писатели на Југославија, Оскар Давичо ѝ потпишал професионална осуда: „Некои другари не пишуваат борбено, онака како што бара нашата реалност. Не пишуваат комунистички, туку пишуваат буржоаски сентиментално, како Мир-Јам.“ Молбата за вработување ѝ била одбиена, бидејќи имала долг прекин во работата како новинар. Било преќутено тоа што „прекинот” се случил затоа што Милица одбила да работи во окупаторските весници.[2]

Стеван Јаковљевиќ, нејзиниот брат кој бил ангажиран во новата власт, успеал да ѝ обезбеди само мала пензија. По војната до крајот на животот, Милица Јаковљевиќ живеела бедно. Новата власт ја отфрлила без објаснување.[1] „Рехабилитирана” била дури во 1972 година, со поставување на претставата „Ранет орел” според нејзин роман.[2]

|Во 1972 година, роднините кои сметале дека ги имаат нејзините авторски права, се изненадиле кога бившиот белградски книжар Иван Веселиновиќ се појавил со договор од 1946 година, со кој Милица Јаковљевиќ му ги препишала сите авторски права. На задната страна од документот, Мир-Јам напишала благодарност до својот „анѓел чувар” Веселиновиќ, кој ѝ дал „пари да купи јаглен” за да не замрзне. Во расправата за авторските права се вклучила општината Стари град, која своевремено извршила национализација на претпријатието на Веселиновиќ, со што му ги одзела и сите договори. Така, општината станала наследник на авторските права на Мир-Јам, од кои роднините добиле дел.[2]

Не е познато како Мир-Јам ги минала псоледните години од животот. Се знае дека на почеток на зимата 1952 година добила запаление на плуќа, и умрела на 22 декември, со извалканоиме и дело. Веста за нејзината смрт не ја објавиле весниците.[4] За разлика од Џејн Остин, со која ја споредувале, а чија куќа била претворена во музеј, куќата на улица Молерова во Белград, во која живеела, работела и умрела Милица Јаковљевиќ, била урната. Никаде нема спомен плоча, биста, ниту улица со нејзиното име.[8]

Писателска кариера[уреди | уреди извор]

Милица Јаковљевиќ останала позната по својата питка проза, која била обележје на книжевноста меѓу двете светски војни. Под псевдонимот Мир-Јам објавила повеќе љубовни раскази и романи. Лесни и едноставни по содржина, напишани со лесен сликовит стил, романите биле популарни меѓу народот. Сепак, вистинската вредност на нејзините романи се состои во тоа што детално го опишала животот и ги насликала вредностите на граѓанската класа во меѓувоеното Кралство Југославија, и ова ѝ го донесло прекарот Џејн Остин на српската книжевност.[6]

Во 1939 година, ја напишала театарската претстава „Таму далеку”, која со Жанка Стокиќ во главната улога, тријумфално била изведена.[8]

Била најпопуларна и најчитана писателка во Кралството Југославија, која по ослободувањето била отфрлена без официјално објаснување.[1]

Дела[уреди | уреди извор]

Романи[уреди | уреди извор]

  • Ранет орел
  • Една ноќ на Јадран
  • Непобедливо срце
  • Киднапирање на маж
  • Гревот на нејзината мајка
  • Во словенечките гори
  • Самец во бракот
  • Мала сопруга
  • Потекло од Шумадија - автобиографски роман

Збирки раскази[уреди | уреди извор]

  • Дама во плаво
  • Девојка со зелени очи
  • Чесен збор на машко
  • Сите тие ја сакаат љубовта

Театарски дела[уреди | уреди извор]

  • Таму далеку
  • Еманципирано семејство

Феминистичко ангажирање[уреди | уреди извор]

Мир-Jам се залагала и за женските права. Во времето кога повеќето жени биле необразовани, таа се борела за родова рамноправност. Во текстот „Треба ли да се направи споменик на жената”, се залагала да се признаат талентите на жените.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Laketić, Miljana (22. januar 2009 г). Dece nikad dosta. „Večernje novosti“. http://www.novosti.rs/dodatni_sadrzaj/clanci.119.html:279487-Dece-nikad-dosta. посет. 26. 6. 2016 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Subašić, Boris (1. 12. 2013. г). Komunisti ucenjivali pisca „Srpske trilogije“ i Mir Jam. „Večernje novosti“. http://www.novosti.rs/vesti/naslovna/reportaze/aktuelno.293.html:466298-Komunisti-ucenjivali-pisca-Srpske-trilogije-i-Mir-Jam. 
  3. Mir-jam - Obožavana, ismevana, ponižena. „Vesti online“. 23. 12. 2009. г. http://www.vesti-online.com/Scena/Kultura/16808/Mirjam--Obozavana-ismevana-ponizena-. посет. 26. 6. 2016 г. 
  4. 4,0 4,1 Godine sjaja i bede. „STIL Magazin“ том  109. 26. januar 2009. г. http://www.stil-magazin.com/clanak/broj-109-26-januar-2009/godine-sjaja-i-bede. посет. 26. 6. 2016 г. 
  5. Цвекић, Мирјана (2014 г). Живот је бајка – Катарина Ђорђевић Миловук. „Политикин забавник“ том  3243. http://politikin-zabavnik.co.rs/pz/tekstovi/veliki-hodnik. посет. 15. 9. 2016 г. 
  6. 6,0 6,1 6,2 Граф, Мануела (21. 3. 2009 г). Непознате љубави Милице Јаковљевић. „Блиц“. http://www.blic.rs/kultura/nepoznate-ljubavi-milice-jakovljevic/z2jv87s. посет. 26. 6. 2016 г. 
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Nedeljković, Mile (18. 01. 2009. г). Tužna sudbina "Ranjenog orla". „Press online“. http://www.pressonline.rs/zabava/life-style/56305/tuzna-sudbina-ranjenog-orla.html. посет. 26. 6. 2016 г. 
  8. 8,0 8,1 Букумировић, Драгана. Жал за чедношћу. „СРБИЈА - НАЦИОНАЛНА РЕВИЈА“. http://www.nacionalnarevija.com/tekstovi/Br%2017/Mir-Jam.html. 
  9. Лош, Татјана (19. 11. 2014. г). Милица Јаковљевић Мир Јам - новинарка и списатељица. „Вечерње новости“. http://www.novosti.rs/%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8/%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%82_+.505.html:519937-%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%88%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%99%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%9B-%D0%9C%D0%B8%D1%80-%D0%88%D0%B0%D0%BC-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B0-%D0%B8-%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B0%D1%82%D0%B5%D1%99%D0%B8%D1%86%D0%B0. посет. 26. 6. 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]