Мирјана Мира Марковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мирјана Марковиќ
Мирјана Марковић
Прва дама на Југославија
На должноста
23 јули 1997 – 7 октомври 2000
Претходник Љубица Брковиќ Лилиќ
Наследник Зорица Радовиќ
Лични податоци
Роден(а) 10 јули 1942(1942-07-10)
Пожаревац, Србија под германска окупација
Починал(а) 14 април 2019(2019-04-14) (возр. 76)
Москва, Русија
Партија Лига на комунисти – Движење за Југославија (1990–1994)
Југословенска левица (1994–2003)
Сопружник Слободан Милошевиќ (в. 1965; п. 2006)
Деца Марко и Марија Милошевиќ
Родители Мома Марковиќ (татко)
Вера Милетиќ (Мајка)
Мирјана Мира Марковиќ
ЗанимањеПрофесор по социологија
РаботодавачБелградски универзитет
Кривично обвинениеЗлоупотреба на функцијата со поттикнување
Кривичен статусБегалец; Починала за време на судењето во отсуство

Мирјана Мира Марковиќ (српски: Мирјана „Мира“ Марковић), (родена во Брежане крај Пожаревац, на 10 јули 1942 - почината во Москва, на 14 април 2019)[1][2], била српски политичар, професор по социологија на Факултетот за науки во Белград во пензија[3] и сопруга на поранешниот претседател на Србија и на СФРЈ Слободан Милошевиќ. Таа била водач на политичката партија Југословенска левица.[4]

Животопис[уреди | уреди извор]

Мира е родена на 10 јули 1942 година во селото Брежане кај Пожаревац, каде што нејзината мајка Вера Милетиќ била партизанка. Петнаесет месеци подоцна, на 5 октомври 1943 година Вера била уапсена во Белград од страна на агентите на специјалната полиција. Таа се сокрила во засолниште под подот кога дошле агентите. Тие не ја пронашле дури и по две претреса, но во станот оставиле четири агенти, за што Вера Милетиќ не знаела, па по одреден период излегла од засолништето и така била фатена. Откако била уапсена, Вера Милетиќ била изложена на ужасна тортура при што дала одредени чувствителни информации, а потоа стрелана. Не е сигурно дали издала или не голем број комунисти за време на мачењето, , но ова била официјална партиска изјава по војната.

Кога Вера била уапсена, Мома Марковиќ, татко на едногодишната Мирјана, веќе бил политички комесар на Главниот штаб на НОВ и ПО на Србија. За едногодишната Мирјана започнала да се грижи нејзината баба. По војната, дедо ѝ и баба ѝ продолжиле да се грижат за внуката, бидејќи нејзиниот татко, по победата на комунистите и освојувањето на власта, бил преокупиран со партиски и државни работи. Мирјана го гледала својот татко најмногу за време на летните одмори.

Основното училиште го завршила во Пожаревац. Мирјана била жената со која Слободан Милошевиќ бил врзан за време на средношколските денови (се состанувале во комунистичката младинска организација), со кого го поминала целиот свој живот и кого го насочила кон комунизмот.

Подоцна се омажила со него и добиле две деца - Марија и Марко. Мирјана имала речиси исто трагично детство како Слободан Милошевиќ. Војната го заобиколила штотуку родениот Слободан Милошевиќ, но неговата судбина била утврдена од повоените трагични семејни настани. Мирјана Марковиќ била дете на револуционерот Мома Марковиќ, еден од најважните српски комунисти и револуционери, и Вера Милетиќ, една од најтрагичните личности на партизанската борба во Србија. Семејството на Вера Милетиќ било комунистичко, па неколку членови на семејството завршиле во партизаните. Најпозната меѓу нив е Даворјанка Пауновиќ-Зденка, сестра на Вера Милетиќ и љубовта на Тито .

Таткото на Мира Марковиќ, Мома веднаш по војната, бил еден од најмоќните луѓе во Србија, член на Централниот комитет и други врвни органи на комунистичката власт. Сепак, неговата кариера не била толку брилијантна колку што можело да се очекува. Веќе во 1950-тите бил бил истуркан од врвот на власта и го изгубил своето влијание, за разлика од неговиот брат Дража Марковиќ, кој во седумдесеттите години станал најмоќен човек во Србија.

Политика[уреди | уреди извор]

Како што веќе била традиција во семејството и Мира станала комунистика на рана возраст. Мртвата мајка ѝ била идол, често се служела со нејзиното конспиративно име Мира и постојано ја покажувала својата трајна врска со мајка си со необичен, симболичен гест. Имено, многу често во косата носела цвет, кој бил познат и за пошироката јавност. Во едно новинароско интервју, таа ги објаснила причините зошто имала цвет во косата. На една од нејзините старите фотографии, нејзината мајка имала таков цвет во косата, па Мира одлучила, во спомен на нејзината мајка, да носи таков цвет во косата, за да на некој начин задржи контакт со неа.

Мирјана Марковиќ била професор по социологија на Факултетот за наука и математика на Белградскиот универзитет. Таа исто така предавала социологија како редовен професор на Американско-францускиот факултет за менаџмент во Белград, како и на Факултетот за меѓународен менаџмент во Белград. Била редовен член на Руската академија за општествени науки[се бара извор] и визитинг професор на Московскиот државен универзитет Ломоносов и почесен професор на Универзитетот Ломоносов во Москва[се бара извор] .

Објавила околу стотина трудови од областа на теоретската социологија. Таа е исто така автор на два учебника за социолошки теми. Била преведена на руски, кинески и англиски јазик. Работела и на новинарска работа. Книгите „Одговор“ и „Ноќ и ден“ биле преведени на руски, бугарски, англиски, германски, грчки, кинески, рутски, словачки, унгарски, романски, чешки, албански, турски, словенечки, македонски, јапонски и тамилски.

Била позната и како еден од основачите и прв претседател на политичката партија Југословенската левица (ЈУЛ), како и сопруга на Слободан Милошевиќ. За време на судењето за убиство на Иван Стамболиќ, обвинителот во 2007 година нагласил дека режимот предводен од Слободан Милошевиќ и Мирјана Марковиќ наредил убиство на политичките противници.[5]

Таа живеела во Русија. Интерпол издал налог за неа, но руската полиција одбила да ја уапси, се претпоставува дека се должи на силните врски што Милошевиќ ги имал во Русија.[6]

Таа била кремирана и погребана во Пожаревац веднаш до нејзиниот сопруг Слободан Милошевиќ кој починал во 2006 година во Хаг.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. KURIR SAZNAJE: Mira Marković će biti kremirana u Moskvi i u subotu sahranjena pored Slobodana pod lipom u Požarevcu! | Vesti | Kurir
  2. Политика Online - Марко и Марија се читуљом у „Побједи” опростили од мајке
  3. KO JE BILA MIRA MARKOVIĆ? Lider Jugoslovenske levice, žena sa poternice, SIVA EMINENCIJA REŽIMA
  4. „Mirjana Marković“. Istinomer. Посетено на 30 јануари 2019.
  5. „Slika Miloševićevog režima: Likvidacija političkih neprijatelja“. Посетено на 26 март 2019.
  6. „Mira Marković presudu na godinu dana zatvora dočekala u ELITNOM NASELJU U MOSKVI“. Blic. Посетено на 30 јануари 2019.
  7. Опело под липом („Политика“, 21 април 2019)