Мирољуб Стојановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мирољуб Стојановиќ - есеист, книжевен критичар, книжевен историчар и теоретичар, преведувач, роден на 26 јануари 1941 година во село Држина Пирот, Србија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно и средно образование завршил во родна Србија, а во Скопје дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески. На истиот факултет и докторирал во 1980 година, на тема: „Книжевно дело на Стале Попов“. Работел како редовен професор на Филолошки факултет во Ниш, каде меѓу останатото предавал Македонска книжевност. Еден е од најголемите промотори и претставувачи на македонска книжевност во Србија. Тој е почесен член е на Друштво на писатели на Македонија[1].

Дела[уреди | уреди извор]

  • Книжевната оставнина на Стале Попов, 1982 година;
  • Книжевно дело Сталета Попова (на српски), 1982. година;
  • Заплањске баладе, 1983;
  • У потрази за културним идентитетом, 1985 година;
  • Константин Петкович и Црна Гора, 1987 година;
  • Сведочења и предвиѓања, 1987 година;
  • Во едрата на книжевните немири, 1987 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.