Миротворец (филм од 1997)
| Миротворец | |
|---|---|
Плакатот на филмот | |
| Режисер | Мими Ледер |
| Продуцент | |
| Сценарист | Мајкл Шифер |
| Заснован на | One Point Safe од Ендру и Лесли Кокберн |
| Главни улоги | |
| Музика | Ханс Цимер |
| Кинематографија | Дитрих Ломан |
| Монтажа | Дејвид Розенблум |
| Дистрибутер | DreamWorks Pictures |
| Премиера | 26 септември 1997 г. |
| Времетраење | 124 минути |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Буџет | 50 милиони долари[1] |
| Бруто-заработка | 110,4 милиони долари |
Миротворец (англиски: The Peacemaker) — американски политички акционен трилер од 1997 г., во главните улоги со Џорџ Клуни, Никол Кидман, Армин Милер-Штал, Марчел Јуреш и Александар Балуев. Филмот е режиран од Мими Ледер (нејзино дебитантско долгометражно режисерско остварување) и е прв филм распределен од DreamWorks Pictures.
Иако приказната се одвива низ целиот свет, тој е снимен првенствено во Словачка, со некои сцени снимени во Њујорк, Филаделфија и Македонија. Филмот е заснован на книгата „One Point Safe“ од 1997 г., напишана од Ендру и Лесли Кокберн, која се однесува на состојбата на рускиот јадрен арсенал.[2]
На почетокот на филмот кратко се појавува Тоше Проески како момче што пее во хорот.[3]
Содржина
[уреди | уреди извор]Рускиот генерал Александар Кодоров е задолжен за превоз на јадрени боеви глави за уништување, како што е договорено со Западот, но всушност тој предводи заговор со цел возот да се судри со друг воз во Босна, откако ќе ги убие сопствените чувари, за да го украде товарот.
Потполковник Томас Дево (разузнавачки офицер за специјални операции) сфаќа што се случило и од молчењето на неговиот московски извор заклучува дека зад грбот на Кремљ се одвива заговор. Тој итно сака да ги пронајде и поврати бомбите, но е принуден тесно да соработува со стручњакот аналитичар д-р Џулија Кели, која има политички мандат од Белата куќа.
Тие ја минуваат Европа, трагајќи со сите средства по трагата на тајната операција, борејќи се против непријателските агенти, особено во Виена. Конвојот веќе се приближува до Кавкаската граница кога единствена преостаната шанса е итна командоска операција на руска територија. Поради ограничениот успех на таа операција, еден одмаздољубив одметнат дипломат сепак ја носи последната боева глава до Генералното собрание на ОН.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Џорџ Клуни | потполковник Том Дeво |
| Никол Кидман | д-р Џулија Кели |
| Марчел Јуреш | Душан Гавриќ |
| Армин Милер Штал | Дмитриј Вертиков |
| Александар Бaлуeв | генерал Александар Кодоров |
| Рене Медвешек | Владо Мириќ |
| Гари Вернц | Тери Хамилтон |
| Тоше Проески | хорист |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Peacemaker“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот 18 ноември 2018. Посетено на 29 март 2007.
- ↑ Schmitt, Eric (19 октомври 1997). „Clearance Sale“. The New York Times. Архивирано од изворникот 26 октомври 2021. Посетено на 4 септември 2021.
- ↑ Георгиев, Александра (2018-02-23). „Тоше во филм со Никол Кидман и Џорџ Клуни“. Reporter.mk. Посетено на 2025-09-28.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- The Peacemaker на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)