Мирослав Спироски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Miroslav.JPG
Роден 10 септември 1949
Србјани, Кичевско
Починал 12 декември 2014
Скопје
Националност Македонец
Занимање новинар и публицист

Мирослав Спироски, роден 10 септември 1949 година во село Србјани, општина Другово, Кичевско, е македонски новинар и публицист. Започнува со првите вести објавени на Радио Кичево (1968-1969), и набргу станува дописник на МРТВ, а повремено соработува и со „Млад Борец“, „Студентски збор“, „Просвета“, „Вечер“ и „Нова Македонија“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Од февруари 1970 година станува соработник на „Нова Македонија“, каде кариерата ја започнува во Скопската рубрика.

Во текот на сите овие години, Спироски во новинарството објавил околу 24.000 аналитички статии, коментари, осврти, репортажи и други текстови. Бил и ментор на студенти на Катедрата по новинарство.

Во последните години од неговиот живот, Спироски беше самостоен аналитички публицист. Повремено пишуваше и книжевни стории. Спироски беше член на Обединети за Македонија, член на претседателство на оваа партија и близок соработник на Љубе Бошкоски. По кратко и тешко боледување почина на 65 годишна возраст во Скопје. Погребан е на градските гробишта во Скопје Бутел.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • „Лидија - невестата на светлината“ - монодрама, поставена во Кумановскиот театар[1]
  • „Борба за автокефалност“
  • „Света македонска мисија“
  • „Зад крстот“
  • „Прегратката со вистината“
  • Летот на шаторските крила

Награди[уреди | уреди извор]

Во „Нова Македонија“ станува добитник на нејзините највисоки признанија: наградите за едногодишна дејност и за животно дело. Добитник е и на наградите „Крсте Мисирков“ за новинарство, и „Мито Хаџи Василев Јасмин“ за публицистика.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

http://www.utrinski.mk/?ItemID=369BC5C7FCD3C640B3FBCB9222B3B645