Мирослав Масин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Миро Масин
Роден 17 јануари 1963
Ниш, СФРЈ
Занимање сликар

Мирослав Масин — македонски сликар, роден во 1963 година во Ниш.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мирослав Масин дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство во Скопје, во 1988 година. Член е на ДЛУМ, и во периодот од 2000 до 2001 година бил претседател на ДЛУМ. Бил на студиски престој во Велика Британија, Франција и Чешка. Покрај самостојни изложби, Масин учествува во инсталации и перформанси, во видео спотови, а негов е сценскиот дизајн на три претстави: во 1993, 1994 и во 2013 година, на мјузиклот Пенелопе Икс.

Творештво[уреди | уреди извор]

Започнувајќи со самостојни изложби во 1988 година, Мирослав Масин досега остварил повеќе од педесет во земјава и во странство, меѓу кои во: Џенова, Париз, Стразбур и Мајен во Франција, Берлин, Лондон, Белград, Сараево, Зрењанин, Подгорица, Љубљана, и на други места. Мирослав Масин изработил над дваесет и пет инсталации и перформанси, меѓу кои: „Мајмун-човек-мајмун“ (1986, Стара чаршија, Скопје), „Кафез“ (1992, КИЦ, Скопје), „Мајмун-човек-банана“ (1995, КИЦ, Скопје), „Миро и Емил“ (1997, Зоолошка градина, Скопје), „Цивилизација“ (2000, Чимелице, Чешка), „Три желби“ (2005, Зоолошка градина, Скопје),[1] „City Point“ (2009, Нирнберг, Германија) и други.

На 15 октомври 2014 година, во Галеријата на „Младинскиот културен центар“ во Скопје била отворена самостојната изложба на Масин, насловена како „Ашанте“ („Enchante“).[2] На 7 април 2015 година, во Нишкиот културен центар била отворена самостојна изложба на Масин, под истиот наслов.[3]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-02-27. Посетено на 2017-01-10.
  2. „Масин слави во МКЦ“, Вест, година XV, број 4297, среда, 15 октомври 2014, стр. 18.
  3. „Изложба на Мирослав масин во Ниш“, Утрински весник, година XVI, број 4754, среда, 8 април 2015, број, стр. 15.