Миропомазание

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Миропомазување)
Миропомазанието на Луј XV како крал на Франција.
Миропомазанието на Николај II во катедралата на Успението, 1896 (Третјаковска галерија, Москва).

Миропомазание (грчки: χρισμα) е Света тајна во која преку помачкување со свето миро на одредени делови од телото, во името на Светиот Дух во христијанската религија, му се даваат да крстениот посебни дарови на Светиот Дух, кои го крепат, просветлуваат и усовршуваат во духовниот живот.

Библиски извори[уреди | уреди извор]

Всушност, според христијанската традиција, со светото миропомазание верникот го добива Светиот Дух и Неговата благодат. За ова самиот апостол Јован им вели на христијаните:

А вие имате помазание од Светиот, и знаете сè. Не ви пишав дека не ја знаете вистината, туку дека ја знаете како и дека ниедна лага не доаѓа од вистината[1]

Во светата тајна миропомазание, според верувањата, верникот се исполнува со силата на Светиот Дух и се запечатува во новиот духовен живот. Ова следува од зборовите на апостол Павле:

Бог е Оној, Кој нè утврди со вас во Христа и нè помаза; Он и нè запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши“ (2. Кор. 1, 21-22). Оттука и ние сме „запечатени преку ветениот Свети Дух“ (Ефес. 1, 13)

Начин[уреди | уреди извор]

Обредот односно начинот на миропомазание е следниот: се помазува челото – за осветување и просветување на умот; градите – за осветување и просветување на срцето; очите, ушите, устата – за осветување и просветување на надворешните сетила; рацете и нозете – за осветување и просветување на севкупната дејност и однесување на верникот. Помазувањето се врши со свето миро. Тоа е густа течност, составена од чист елеј, вино и многу други миризливи состојки, и осветена од епископите. Правото за осветување миро им припаѓа само на епископите, а правото за вршење на светата тајна миропомазание им припаѓа на епископите и на свештениците.

Помазувањето се врши веднаш по Крштевањето, или во случај, кога некој, кој бил крстен во црквата, ќе отпадне од верата, и ако сака пак да се врати во светата црква, бива приман назад во црквата преку миропомазание, за да се утврди во верата преку печатот на дарот на Светиот Дух.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1. Јн. 2, 20-21