Мирко Шенковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мирко Шенковски
Роден 1971
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање музичар

Мирко Шенковски познат како Коста или Џеронимо (роден на 1971 во Скопје) — македонски и хрватски музичар, композитор и текстописец. Тој е автор на стотици композиции, кои се огромни хитови низ просторите на бивша Југославија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Шенковки е роден е во Скопје во 1971 година, а израснал во Славонски Брод, Хрватска, каде се школувал. Во 1992 година се преселил во Загреб. Музичката кариера ја започнал во најпознатиот бродски рокбенд „Sauron", кој дејствувал помеѓу 1986-1996 година. Поставата на бендот била Мирко Шенковски (вокал), Тони Ловиќ (соло гитара), Томислав Лукетиќ - Лукс (ритам гитара), Томас Стипиќ (бас гитара), Арсо Лудвиг (тапани) и Даниел Ластриќ (клавијатури). Албумот „Better tomorow", Саурон го објавиле во 1994 година во Croatia records.[1] Во 2010 година пристигнал во Сараево, каде што почнал во соработка со Халид Бешлиќ. Потоа работел како текстописец со најголемите ѕвезди на регионот: Халид Бешлиќ, Црвена Јабука, Тифа, Ханка Палдум, Гоца Тржан, Мирослав Шкора, Енес Беговиќ, Неда Украден, Џенан Лончаревиќ, Златко Пејаковиќ, Драган Кајтазовиќ и многу други.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]