Мирко Павловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1940
Куманово,  Кралство Југославија
Починал 15 ноември 2013
Скопје, Македонија Македонија
Занимање виолончелист

Мирко Павловски (Куманово, 1940 - Скопје, 15 ноември 2013) — виден македонски виолончелист, член на Македонската филхармонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Павловски е роден во Куманово во 1940 година. Тој целиот работен век го поминал во Македонската филхармонија, а бил и долгогодишен соработник на оркестарот на Македонската опера и балет. Павловски работел со оркестрите што оставиле аудио и видео записи во архивата на Македонската радио и телевизија од областа на сериозната музика, симфониски и камерни партитури и други музички форми. Учествувал и во оркестри кои снимале забавна и филмска музика со која што домашните изведувачи учествувале на големите фестивали во регионот и пошироко. Починал на 15 ноември 2013 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]