Мирко Лазаров

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мирко Спиров Лазаров ( 1918 во Кумановско1944 во Љубанци, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Во редовите на Осмата прешевска бригада, учествувал во борбите кај Прешево, Лојане, Руѓинце и Брест, против балистичките фашистички банди и по многубројни борби и искушенија се префрлил во Скопска Црна Гора. По формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во селото Кучевиште, веднаш стапил во нејзините редови. Бил учесник во бројните борби против балистичките и германските фашисти. Во борбите против балистите, на 7 октомври 1944 година бил тешко ранет. Бил пренесен на лечење во партизанската болница во Љубанци, каде подлегнал на раните. Бил закопан на гробиштата во Љубанци.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 207–208. На |first= му недостасува |last= (help)