Мирка Настеска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мирка Настеска
Родена 1918 година
Србјани, Кичевско, Македонија под окупација на Србија
Починала 12 февруари, 1944 година
Барбарас, Бродско, Македонија под фашистичка окупација
Стрелана од бугарските фашисти
Националност Македонка

Мирка Љубева Настеска ( 1918 во Србјани, Кичевско12 февруари 1944 во Барбарас, Македонски Брод) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувала од семејство, кое претежно се занимавало со земјоделство. Определена за борба со фашистичкиот окупатор, Мирка станала активен член на воспитните групи во селото Србјани, а како симпатизер на НОВ стапила во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата учествувала во познатиот Февруарски поход, а по борбата кај Богомила се нашла во отцепената група со командирот Август и својот брат Киро кој, исто така, бил во Бригадата. Враќајки се кон Кичевијата, во селото Крапа биле фатени од бугарските војници, биле ѕверски мачени, а потоа стрелани кај месноста Барбарас на 12 февруари 1944 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 90.