Мириц (округ)
| Мириц Landkreis Müritz | |
|---|---|
| округ | |
| Земја | |
| Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
| Укинат | 2011 |
| Седиште | Варен |
| Површина | |
| • Вкупна | 1,713 км2 (0,661 ми2) |
| Население (2010) | |
| • Вкупно | 64.615 |
| • Густина | 38,000/км2 (98,000/ми2) |
| Час. појас | CET (UTC+1) |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
| Рег. таб. | MÜR |
| Мреж. место | landkreis-mueritz.de |
Мириц (германски: Müritz) — поранешен округ во јужниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Бил именуван по езерото Мириц. Се граничел со (од запад надесно) окрузите Пархим, Гистров, Демин, Мекленбург-Штрелиц, слободниот град Нојбранденбург и округот Источен Пригниц-Рупин во Бранденбург. Округот бил распуштен при административната реформа во септември 2011. Округот бил приклучен кон новиот округ Мекленбуршка Езерска Област.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот Мириц се протегал на западната половина на Езерската Област Мириц и Националниот парк Мириц. Езерото Мириц има површина од 117 км²; тоа е второ најголемо езеро во Германија веднаш зад Боденското Езеро, но и најголемо езеро кое целосно се наоѓа во Германија.
Историја
[уреди | уреди извор]Округот бил создаден на 12 јуни 1994 со спојување на претходните окрузи Ребел и Варен и неколку општини од окрузите Малхин и Нојштрелиц. Овој округ бил споен со Мекленбург-Штрелиц и поголемиот дел од Демин при административната реформа во септември 2011, за да го создадат новиот округ Мекленбуршка Езерска Област.
Грб
[уреди | уреди извор]| Грбот покажува бикова глава во горниот лев дел, претставувајќи ги принцовите од Верле. Орелот-рибар во десниот дел го прикажува природното богатство во округот. Градскиот бедем долу со четири ѕидови ги претставува четирите града во округот, а брановитата линија во градската порта Езерската Област Мириц. |
Градови и општини
[уреди | уреди извор]| Слободен град |
|---|
| Општински заедници | ||
|---|---|---|
|
|
|
| 1седиште на општинската заедница;2град | ||
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Мириц (округ) на Ризницата ?- Официјална страница Архивирано на 24 ноември 2003 г. (германски)
53°25′N 12°42′E / 53.417°N 12.700°E
|