Мирисот на жената
„Мирисот на жената“ | |
---|---|
Режисер | Мартин Брест |
Продуцент | Мартин Брест |
Главни улоги | Ал Пачино Крис О'Донел |
Музика | Томас Њумен |
Кинематографија | Доналд Е. Торин |
Монтажа | Вилијам Стајнкамп Мајкл Троник Харви Розеншток |
Студио | City Light Films |
Дистрибутер | Universal Pictures |
Премиера | декември 23 1992 |
Времетраење | 156 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $31 милиони |
Бруто заработка | $134.1 милиони |
Мирисот на жената (англиски: Scent of a Woman) – американски драмски филм од 1992, во режија на Мартин Брест. Филмот е римејк на италијанскиот филм од 1974, Профумо ди дона, режиран од Дино Ризи, адаптиран од Бо Голдмен од новелата Темница и Мед, напишана од Гиовани Арпино. Главните улоги ги толкуваат Ал Пачино, Крис О’Донел, Џејмс Ребхорн Филип Сејмур Хофман и Габриел Анвар. Пачино, за неговата перформанса во овој филм, доби Оскар за најдобар глумец и филмот беше номиран за најдобра режија и најдобар филм.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Филмот се одвива во САД, Нова Англија. Момчето Чарли Симс учи во школото кое се вика Баирд, на стипендија. За да може да плати за лет за враќање дома, тој зема работа да го чува слепиот воен офицер во пензија, Френк Слејд. Една ноќ, Чарли и неговиот пријател Џорџ Вилис гледаат како тројца ученици припремаат шега за да го усрамаат директорот. Директорот, господин Треск, дознава дека Чарли и Џорџ биле сведоци на припремањето на шегата и затоа ги успрашува за да се обиде да ги дознае имињата на виновниците, дури му нуди и мито на Чарли. Еден ден, ненадејно Френк го носи Чарли во Њујорк. Френк му кажува на Чарли за своите идни планови и дури му открива дека ќе се самоубие. Тоа го шокира Чарли, но тој не знае дали Френк е сериозен. Чарли и Френк праваат многу нешта заедно. Го посетуваат братот на Френк и неговата фамилија (овде ја дознаваме и причината за слепилото на Френк), одаат во ресторант и Френк танцува танго со една млада жена која се вика Дона, а другиот ден, Чарли и Френк испробуваат и едно Ферари. Кога се враќаат во хотелот, Френк го испраќа Чарли да му земи некои работи, Чарли ја напушта собата на Френк, но набрзо му станува сомнително и се враќа и го фаќа како Френк се припрема да се самоубие. Тие почнуваат да се караат, но Чарли успешно го убедува Френк да не се самоубие и тие, без никакво влакно да им фали, се враќаат во Нова Англија. Кога се враќаат училиште, Чарли и Џорџ се подложени на формална истрага пред целото студентско тело и дисциплинската комисија на студентски факултетот. Додека директорот Треск ја отвора постапката, Френк неочекувано се враќа во училиштето, приклучувајќи се на Чарли на аудиториумот за поддршка. За негова одбрана, Џорџ ја искористил помошта на својот богат татко, користејќи ја својата слаба визија како изговор пред да ги именува сите тројца виновници.. Кога ќе биде притиснат за повеќе детали, Џорџ го пренесува товарот на Чарли. Чарли одлучува да не даде никакви информации, затоа не ги именува тројцата виновници, па Треск препорачува исклучување на Чарли. Френк не може да издржи и започнува страствен говор во одбрана на Чарли и прашува за интегритетот на училиште што ги казнува учениците што ги бранаат нивните соученици и ги наградува оние што кодошаат. Френк кажува и за митото на Треск и дека без оглед на тоа дали тишината на Чарли е во ред или погрешна, Чарли одбива да продаде некој за да ја унапреди својата иднина. Френк му кажува на комисијата дека Чарли покажал интегритет во своите постапки и инсистира тие да не го избркаат. Дисциплинскиот комитет одлучува да ги стави виновните на условна казна, да го негираат сведочењето на Џорд и да го ослободаат Чарли од казна, со што му дозволуваат да нема понатамошна вмешаност во постапката. На оваа најава, салата избива на громогласен аплауз од учениците. Додека Чарли го придружува Френк во лимузината, професорката за политички науки, Кристин Даунс, која е дел од дисциплинската комисија, му се приближува на Френк и го пофалува за својот говор. Чарли му кажува на Даунс дека Френк му служел во персоналот на претседателот Линдон Џонсон. Во нивната кратка средба, Френк ја изненадува Даунс со тоа што правилно го идентификувања нејзиниот парфем како Fleurs de Rocaille, тие се согласуваат да се состанат некаде и да "разговараат за политика". Чарли го носи Френк дома. Френк оди кон својата куќа и среќно ги поздравува младите деца на неговата внука, додека Чарли ги гледа од лимузината.
Улоги
[уреди | уреди извор]- Ал Пачино како Полковник Френк Слејд
- Крис О'Донел како Чарли Симс
- Џејмс Ребхорн како г-дин Треск
- Габриеле Анвар како Дона
- Филип Сејмур Хофмен како Џорџ Вилис Џр.
- Џин Санфиелд како Мени
- Ричард Вентуре како Вилијам Слејд
- Бредли Ритфорд како Ренди Слејд
- Џун Скуиб како г-ѓа Хунсејкер
- Франчес Конрој како Кристин Даунс
- Рочеле Оливер како Гретчен Слејд
- Том Рис Фарел како Гери Слејд
- Николас Седлер како Хери Хавмејер
- Тод Луизо како Трент Потер
- Мет Смит како Џими Џејмсон
- Рон Елдерд како Полицаец Гор
- Маргарет Егинтон како Гејл
- Сели Мурфи како Керен Рози
- Мајкл Санторо како Дони Рози
- Џулиан и Макс Стајн како Вили Рози
- Леонард Гејнес како Фреди Биско
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Мирисот на жената“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 22.