Прејди на содржината

Миран Јарц

Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Миран Јарц
Miran Jarc
Роден/а5 јули 1900(1900-07-05)
Чрномељ, Австроунгарија (денес Словенија)
Починат/а24 август 1942(1942-08-24) (возр. 42)
Пуглед при Старом Логу, Кочевски Рог
Занимање
  • писател
  • поет
  • драматург
Значајни делаЧовек и ноќ, Ноемвриски песни, Лирика, Ново место

Миран Јарц (5 јули 1900 24 август 1942 ) — словенечки писател, поет, драматург и есеист.

Јарц бил роден во градот Чрномељ во Бела Крањска, во тогашна Авструнгарија во 1900 година. Бил испратен на училиште во Ново Место, а меѓу 1918 и 1922 година студирал словенска филологија во Загреб и Љубљана, иако никогаш не ги завршил студиите. Од 1923 година работел како банкарски службеник во Љубљана. Почнал да пишува уште додека бил студент и ја објавил својата прва песна во списанието Љубљански збор во 1918 година. Во 1930-тите работел и како актер и виолинист во Словенечкиот куклен театар во Љубљана.

Во 1942 година, за време на Втората светска војна, тој бил уапсен од окупаторските фашистички италијански власти и испратен во логорот во Гонарс, но возот што ги превезувал затворениците бил нападнат од партизани во близина на Верд, а затворениците биле ослободени и добиле избор да им се придружат на партизаните или да се вратат дома (оние што избрале да се вратат дома, откако се разделиле од другите биле убиени). Јарц избрал да им се придружи на партизаните и бил убиен од италијанската армија два месеци подоцна во Пуглед при Старем Логу во Кочевски Рог. Според други извештаи, тој бил убиен од партизаните по кавга со членови на Комунистичката партија. Погребан бил на гробиштата во Стари Лог.

Јавната библиотека во Ново Место, како и основните училишта во Чрномељ и Љубљана биле именувани по Јарц.

Карактер и работа

[уреди | уреди извор]

Јарц ја започнал својата литературна кариера кон крајот на 1910-тите во Ново Место, кое во тој период се издигнало како важно книжевно средиште. Како млад студент, се приклучил на книжевно-уметничкиот круг околу сликарот Божидар Јакач и поетот Антон Подбевшек. Заедно организирале културно-уметничка манифестација позната како Пролетта на Ново Место.

Во овој период, Јарц се заинтересирал за антропозофијата и развил интерес за будизмот. Сепак, подоцна се приближил кон христијанството, останувајќи член на Римокатоличката црква.

Во 1920-тите, Јарц се појавил како еден од најистакнатите експресионистички поети во Словенија. Повторливи теми во неговата поезија биле потрагата по излез од цивилизацијата што тоне. На кризата на европската цивилизација и механизацијата на човекот, тој се спротивставил на екстатична и лирска лична рефлексија. Во 1930-тите, тој станал поблизок до социјалниот реализам.

Едно од неговите најзначајни дела е автобиографскиот роман Ново место (1932), во кој ги опишал интелектуалните и уметничките превирања во малиот град на Долењска во првите години по Првата светска војна.

Избрани дела

[уреди | уреди извор]
  • Човекот и ноќта“, поеми (1927)
  • Ноемвриски поеми“, поеми (1936)
  • Лирика“, поеми (1940)
  • Ново место, автобиографски роман (1932)

    Надворешни врски

    [уреди | уреди извор]