Миодраг Анѓелковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анѓелковиќ во 2010 година

Миодраг Анѓелковиќ (роден е на 7 февруари 1977 година) е поранешен професионален српски фудбалер кој играл на позицијата напаѓач, а бил и фудбалски менаџер (тренер).

Анѓелковиќ во својата професионална кариера настапувал за 21 клуб од 14 различни земји и тоа за време од 15 години.

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Анѓелковиќ е роден во градот Титова Митровица (денешна Косовска Митровица). Својата кариера ја започнал во неговиот роден град во тимот на Трепча. Подоцна ја сменил средината и заминал во тимот на ОФК Београд. Својот прв натпревар за сениорскиот тим го имал во сезоната 1995 -1996. Во зимскиот преоден рок во 1997 година, Анѓелковиќ заминал во странство и тоа во Шпанија и потпишал за тимот на Еспањол од Барселона. Одиграл два натпревари за тимот на Еспањол во Ла Лига, пред да се премине во екипата на Алмерија од Сегунда Дивизион. Таму останал до крајот на сезоната 1996-97. Подоцна, Анѓелковиќ настапувал за СпВгг Гројтер Фирт во Германија и во Хапоел Петах Тиква во израелското првенство, пред да се врати во ОФК Белград во 1999 година. Постигнал девет првенствени гола за тимот во сезоната 1999-2000, пред да се префрли во Сартид од Смедерево во март 2000 година. Во овој клуб постигнал уште седум голови од вкупно 16 гола таа сезона. Во јуни 2000 година, Анѓелковиќ повторно се преселил во странство и потпишал за турскиот тим на Анталијаспор, каде играл заедно со српскиот фудбалер Никола Дамјанац.

Во текот на следната деценија, Анѓелковиќ продолжил да игра во Бразил (тимовите на Флуминенсе и Коритиба), па во Полска (Видзев Лоѓ), Јужна Кореја (Инчеон Јунајтед), Јапонија ( Черезо Осака), Казахстан (Иртиш Павлодар), Кина (Далиан Шиде и клубот на Јантаи), како и во Романија (Пандурил Таргу Јиу и Куртеа де Аргес).

Во 2010 година, Миодраг заминал во странство и тоа во Канада и таму потпишал со тимот на Брантфорд Галакси од Канадската фудбалска лига. Тој му помогнал на тимот да го освои првенството во ЦСЛ лигата. Во финалето неговиот тим бил подобар од екипата на Хамилтон Хрватска.[1] На 21 јули 2010 година, Анѓелковиќ бил дел од тимот на Торонто ФК во меѓународниот пријателски натпревар против Болтон Вондерерс.[2] Последен пат играл како професионалец во својата татковина за тимот на Младеновац во сезоната 2011–12.

Кариера по професионалното играње[уреди | уреди извор]

Во септември 2013 година, Анѓелковиќ бил назначен за помошник тренер на Златко Крмпотиќ во тимот на ОФК Белград.[3] Подоцна работел како помошник на Петар Дивиќ и Жарко Тодоровиќ во истиот тим.[4] [5] Во октомври 2018 година, Анѓелковиќ бил ангажиран како привремен тренер на ОФК Београд и тоа на еден натпревар од Српската лига.[6] Во 2020 година, тој бил именуван за тренер за ОФК Београд со полно работно време.[7] На 7 декември 2021 година Анѓелковиќ го најавил своето заминување од ОФК Белград.[8]

Статистика[уреди | уреди извор]

Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари
Натпревари Голови Натпревари Голови
ОФК Белград 1995–96 13 1 0 0
1996–97 5 0 0 0
Еспањол 1996–97 3 0 0 0
Алмерија 1996–97 4 0 0 0
СпВгг Гројтер Фирт 1997–98 2 0 1 0
Хапоел Петах Тиква 1998–99 11 0
ОФК Белград 1998–99 4 2 0 0
1999–2000 23 9 0 0
Сартид Смедерево 1999–2000 10 7 0 0
Анталијаспор 2000–01 18 3 2 1
Флуминенсе 2001 14 3 0 0
Коритиба 2002 0 0 1 0
ОФК Белград 2001–02 1 0 0 0
Виджев Лоѓ 2002–03 18 1 4 1
ОФК Белград 2003–04 7 2 1 0
Инчеон Јинајтед 2004 11 4
Черезо Осака 2004 4 1
Иртиш Павлодар 2005 6 1
Металург Запорожје 2005–06 10 2 1 1
Ал Ахли 2006–07
ОФК Белград 2006–07 9 0 0 0
Далијан Шиде 2007 16 2 0 0
Јантаи Јитенг 2008 22 7
Пандурил Таргу 2008–09 5 0 0 0
Куртеа де Аргес 2009–10 1 0 1 0
Брнтфорд Галакси 2010 19 10
Младеновац 2011–12 13 0 0 0
Вкупно во кариерата 249 55 11 3

Признанија[уреди | уреди извор]

Брантфорд Галакси
  • Освоена е Канадска фудбалска лига: 2010 година

Наводи [уреди | уреди извор]

  1. „Galaxy shines in CSL title victory“. The Hamilton Spectator (англиски). 2010-11-01. ISSN 1189-9417. Посетено на 2021-12-08.
  2. „Preki May Include Trialists“. torontofc.ca. 21 July 2010. Посетено на 4 March 2018.
  3. „Zlatko Krmpotić novi šef stručnog štaba“ (Serbian). ofkbeograd.co.rs. 11 September 2013. Посетено на 5 May 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „PETAR DIVIĆ I ZVANIČNO NOVI ŠEF STRUČNOG ŠTABA OFK BEOGRADA“ (Serbian). ofkbeograd.co.rs. 21 June 2017. Посетено на 20 November 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „NOVI ŠEF STRUČNOG ŠTABA JE ŽARKO TODOROVIĆ“ (Serbian). ofkbeograd.co.rs. 25 June 2018. Посетено на 20 November 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „PORAZ NA DORĆOLU“ (Serbian). ofkbeograd.co.rs. 29 October 2018. Посетено на 20 November 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. „Miodrag Anđelković je novi šef stručnog štaba OFK Beograda“. srbijasport.net (српски). October 15, 2020. Посетено на 2021-12-08.
  8. „ŠOK I NEVERICA U BEOGRADU: Doneo klubu JESENJU TITULU pa podneo OSTAVKU!“. republika (српски). December 7, 2021. Посетено на 2021-12-08.