Минхаузен (книга од 1964)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Минхаузен (германски: Münchhausen) е книга од писателот А. Д. Мунд. Книгата е објавена на македонски јазик од страна на издавачкото претпријатиеКултура“ од Скопје во 1964 година, во превод на Зара Билјановска.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Книгата е објавена во рамките на библиотекатаБамби“. Таа има 144 страници и испечатена е во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје. Книгата не е каталогизирана и не го поседува меѓународниот број ISBN. Ликовното уредување на книгата е дело на Василие Поповиќ - Цицо, а техничкото уредување го извршил Христо Христовски. Јазичната редакција е дело на Евтим Манев, а коректурата ја направиле Љубинка Денкова, Елена Павлова, Душанка Јанева и Ружица Димишковска.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во делото „Минхаузен“ се опишуваат неверојатните доживувања на баронот Минхаузен. Книгата се состои од 25 поглавја, и тоа:[1]

  • Прва вечер: Вештината не е маѓија
  • Втора вечер: Уште неколку лова
  • Трета вечер: Уште едно куче и два коња
  • Четврта вечер: Доживувањата со волци, бесно куче и со одрана лисица
  • Петта вечер: Борби со Турците
  • Шеста вечер: Во турско ропство
  • Седма вечер: Во Англија и на Цејлон
  • Осма вечер: Морски чуда и чудовишта
  • Деветта вечер: Во Цариград
  • Десетта вечер: Облогот со султанот
  • Единаесетта вечер: Страшното качување на планина
  • Дванаесетта вечер: Уште неколку вистинити чуда
  • Тринаесетта вечер: Во Северноледеното Море
  • Четиринаесетта вечер: Во Персија
  • Петнаесетта вечер: Чистење на месечината
  • Шеснаесетта вечер: Кај таткото Вулкан и госпоѓата Венера
  • Седумнаесетта вечер: Островот Таихатлибијати
  • Осумнаесетта вечер: Железниот црв
  • Деветнаесетта вечер: Речиси неверојатен студ во Леденото Море и во Русија
  • Дваесетта вечер: Двајцата близнаци и излажаниот бербер
  • Дваесет и прва вечер: Чудесната помада
  • Дваесет и втора вечер: Големата жега и летањето во балон
  • Дваесет и трета вечер: Веселото возење по Рајна
  • Дваесет и четврта вечер: Брзиот пат и виорот
  • Дваесет и петта вечер: Појадок ни на земја ни на небо

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 А. Д. Мунд, Минхаузен, Скопје: Култура, 1964.