Прејди на содржината

Минстрел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Англиски минстрели. Литографија од гравура од 1480 г.

Минстрел или менестрел — забавувач, првично во Средновековна Европа. Поимот првично опишувал секаков вид забавувач, како што се музичар, жонглер, акробат, пејач или дворски шут; подоцна, од шеснаесеттиот век, почнал да означува специјализиран забавувач што пеел песни и свирел на музички инструменти.[1][2]

Минстрелите изведувале песни што раскажувале приказни за далечни места или за постоечки или измислени историски настани. Иако минстрелите создавале свои приказни, честопати ги помнеле и ги разубавувале делата на другите. Честопати биле ангажирани од кралското семејство и од високото општество.

Како што дворовите станувале поистанчени, минстрелите на крајот биле заменети со трубадури, а многумина станале минстрели скитници, кои настапувале на улиците; опаѓање на нивната популарност започнало кон крајот на XV век. Традицијата на минстрелите се вклопила во подоцнежните традиции на патувачки забавувачи, која продолжила да биде умерено силна до почетокот на XX век и која има одредена непрекинатост во облик на денешните улични музичари или баскери.

  1. Southworth, John (1989). The English Medieval Minstrel. Woodbridge, Suffolk: The Boydell Press. стр. 3–4. ISBN 0-85115-536-7.
  2. Encyclopædia Britannica, Entry "minstrel".

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]