Мино Богданов
Мино Богданов – Ларго ( 1912 во Велес — 1989 )[1] — македонски комунистички деец, воен раководител во НОАВМ.
Бил член на КПЈ (1932), на Месниот комитет на КПЈ во Велес и на Месниот комитет на КПЈ во Скопје. Пред Втората светска војна двапати бил апсен и осудуван според Законот за заштита на државата, а подоцна интерниран во логорот во Билеќа.
Во времето на НОАВМ бил еден од организаторите на НОД во Велешко, политички комесар на Кичевско-мавровскиот партизански одред, политички комесар на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ (1943), интендант на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и делегат на Првото заседание на АСНОМ.
По Ослободувањето бил републички пратеник во Народното собрание.[1][2] По Резолуцијата на Информбирото бил уапсен и спроведен на Голи Оток.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 80. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=(help) - ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 43. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=му недостасува|last=(help) - ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 173
| Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Родени во 1912 година
- Луѓе од Велес
- Починати во 1989 година
- Никулци за Македонци
- Македонски комунисти
- Македонски партизани
- Делегати на Првото заседание на АСНОМ
- Репресирани поради Резолуцијата на Информбирото
- Политичари од Велес
- Учесници во НОБ
- Затвореници на Голи Оток
- Делегати на Второто заседание на АСНОМ
- Македонски затвореници и притвореници
- Југословенски затвореници и притвореници
- Затвореници и притвореници во Југославија
- Велешани репресирани од југословенскиот режим