Минојски избув

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Минојски избув или минојска ерупција (грчки: Μινωικη εκρηξη)вулкански избув на Тера, остров во Егејското Море, денес во рамките на Грција, во 2 милениум п.н.е. Точното датирање на овој настан е предмет на спор: археолошките налази укажуваат дека истиот се случил во XVI век п.н.е., но датирањето со јаглерод -14 укажува дека истиот се случил 100 години претходно, во XVII век п.н.е. Тоа бил еден од најголемите вулкански избуви на Земјата во периодот на пишаната човечка историја,[1] иако не се откриени докази за човечки жртви затоа што местото било слабо населено и евакуирано непосредно пред излегувањето на магмата. Целиот процес траел четири дена.

Фази на избувот[уреди | уреди извор]

Избувот денес се дели на четири фази. Нему му претходеле потреси. Потоа жителите го напуштиле островот. Имале доволно време да ги понесат своите работи. При ископувањата на градот Акротири не се пронајдени ниту лешови, накит или алати. После потресите Акротири наизглед е повторно населен. Нестабилните ѕидови биле срушени за да се употреба за друга намена.[2] Под една урнатина жителите ископале 3 кревети и ги поставиле еден над друг.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sigurdsson 2006, pp. 337-348.
  2. Palyvou 2005, pp. 11.
  3. Friedrich 2000, pp. 70.