Прејди на содржината

Министерство за јавна администрација на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Министерство за јавна администрација
Податоци за органот
Надлежност Влада на Македонија
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 402[1] (2024)
Годишен буџет 2.128 милијарди MKD[2] (2024)
Надлежен министер Горан Минчев


Министерството за јавна администрација или скратено МЈА, министерство во Владата на Македонија. Актуелен министер за Јавна Администрација е Горан Минчев.

Надлежности

[уреди | уреди извор]

Надлежностите на министерството се[3]:

-создавањето и водењето на регистар на информациските и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа;
-интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информациите, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања;
-следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународни стандарди;
-телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура;
-радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура;
-законското уредување на прашањата во врска со администрацијата;
-надзорот и обезбедувањето на единствена примена на прописите што се однесуваат на државните и јавните службеници;
-развивањето на политиката поврзана со правата, обврските, одговорностите и оценувањето на државните и јавните службеници;
-класификацијата и описот на работните места, платите и надоместоците на плати на државните и јавните службеници;
-водењето Регистар за државните и јавните службеници;
-подготвувањето стратешки документи за ефикасното и делотворното работење, обуката и стручното усовршување на државните и јавните службеници, организирање и спроведување на обуката;
-развојот и координацијата на политиките во врска со управувањето со човечките ресурси;
-реформата во јавната администрација;
-остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност и
-врши и други работи утврдени со закон.
  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2024 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2024. Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-04-18. Посетено на 2024-06-09.
  2. „Буџет на Република Македонија за 2024 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2024-06-19. Посетено на 2024-06-19.
  3. „Општи информации за министерството“. Архивирано од изворникот на 2018-05-02. Посетено на 2021-08-13.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]