Прејди на содржината

Министерство за социјална политика, демографија и млади на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Министерство за социјална политика, демографија и млади
Податоци за органот
Надлежност Влада на Македонија[1]
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 323[2] (2017)
Надлежен министер Фатмир Лимани
Мрежно место
http://www.mtsp.gov.mk


Министерство за социјална политика, демографија и млади порано министерството за труд и социјална политика, скратено МСПДМ, е едно од тековните министерства во македонската влада. Надлежностите на министерството се од кругот на работните односи, заштитата на работничките права, платите и животниот стандард, социјалната политика. Под надлежност на ова министерство е и заштита на борците од Антифашистичката војна и од сите национално ослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност.[3]

Ова министерство било создадено со осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Пред тоа, во Извршниот совет на Собранието на СР Македонија од 1986 година работеле Републички комитет за труд на чело со Тито Беличанец и за здравство и социјална политика на чело со Милован Шиковски. Првиот министер за труд и социјална политика во независна Македонија бил Илјас Сабриу од албанската политичка партија ПДП. На чело на министерството во моментов е дополнителната министерка Санела Шркијељ. На функцијата министер во техничката влада на Оливер Спасовски беше ставена Рашела Мизрахи, меѓутоа Собранието ја разреши по 12 денови поради прекршување на Уставот.[4]

  1. пред 23 јуни 2024 година се викаше Министерство за Труд и Социјална политика
  2. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2017 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-18. Посетено на 2019-06-09.
  3. „МТСП“. Влада на Република Северна Македонија. Архивирано од изворникот на 8 март 2020.
  4. „Собранието ја разреши Рашела Мизрахи“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 15 февруари 2020. Посетено на 15 февруари 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]