Прејди на содржината

Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина
Ministarstvo vanjskih poslova
Bosne i Hercegovine
Министарство иностраних послова
Босне и Херцеговине
Податоци за органот
Основан 1997
Седиште Сараево
Надлежен министер Елмедин Конаковиќ
Мрежно место
http://mvp.gov.ba/

Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина — дел од Советот на министри на Босна и Херцеговина. Ова министерство е одговорно за надворешната политика на Босна и Херцеговина. Министерството, а го раководи министерот за надворешни работи. Моментално оваа функција ја извршува Елмедин Конаковиќ.

Надлежности

[уреди | уреди извор]

Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, според Законот за министерства и други органи на управата, ги има следните надлежности:[1]

  • спроведување на утврдената политика на Босна и Херцеговина и работа на развој на меѓународните односи во согласност со ставовите и насоките на Претседателството на Босна и Херцеговина;
  • предлагање ставови за прашања од интерес за активностите на надворешната политика и меѓународната положба на Босна и Херцеговина;
  • претставување на Босна и Херцеговина во дипломатските односи со други држави, меѓународни организации и на меѓународни конференции, како и за непосредна комуникација со дипломатски претставништва и претставништва на други држави и меѓународни организации во Босна и Херцеговина, и извршување на стручни задачи поврзани со тоа;
  • следење на состојбата и развојот на меѓународните односи на Босна и Херцеговина со други држави, меѓународни организации и други субјекти на меѓународното право и меѓународните односи и известување за тоа до Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Претседателството на Босна и Херцеговина и Советот на министри на Босна и Херцеговина;
  • предлагање на Претседателството на Босна и Херцеговина воспоставување или прекинување на дипломатски или конзуларни односи со други држави;
  • соработка со меѓународни организации, предлагање на Претседателството на Босна и Херцеговина за членство, односно учество на Босна и Херцеговина во работата на меѓународните организации;
  • организирање, насочување и усогласување на работата на дипломатските и конзуларните претставништва на Босна и Херцеговина во странство;
  • подготовка и организирање на меѓународни посети и состаноци;
  • подготовка на билатерални и мултилатерални договори;
  • извршување на задачи поврзани со престој и заштита на правата и интересите на граѓаните на Босна и Херцеговина со постојан и привремен престој во странство и домашните правни лица во странство;
  • следење, во соработка со надлежните министерства и институции, на меѓународните економски трендови и односи и известување до надлежните органи за ова, како и на економските односи на Босна и Херцеговина со одделни земји и региони;
  • поттикнување, развивање и ускладување на соработката со иселениците од Босна и Херцеговина;
  • подготовка на документација, анализи, информации и други материјали за потребите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Советот на министри на Босна и Херцеговина и други тела одговорни за спроведување на надворешната политика.

Организациска структура

[уреди | уреди извор]

Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина го сочинуваат 17 организациски единици:

  • Кабинет на министерот
  • Кабинет на заменик-министерот
  • Секретар на Министерството
  • Уред за односи со јавноста
  • Одделение за внатрешна ревизија
  • Уред за контрола на дипломатски и конзуларни работи
  • Сектор за билатерални работи (6 отсеци)
  • Сектор за мултилатерални работи (8 отсеци)
  • Сектор за меѓународни правни и конзуларни работи (4 отсеци)
  • Сектор за општи работи (5 отсеци)
  • Одделение за планирање и информации (3 отсеци)
  • Одделение за дипломатски протокол (3 отсеци)
  • Одделение за меѓународна научна, техничка, образовна, културна и спортска соработка
  • Уред за поебни дипломатски активности
  • Уред за дипломатска обука
Железничка зграда, седиште на Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина

Железничката зграда или Земјишна владина зграда II се наоѓа во Сараево, Босна и Херцеговина. Објектот се наоѓа во непосредна близина на поранешната зграда на Покраинската влада I (седиштето на Претседателството на Босна и Херцеговина). Главната фасада на зградата е насочена на запад, кон улицата Мусала и сегашната зграда на Претседателството. Во СФР Југославија, таму се наоѓала Дирекцијата за железници, а зградата се викала Зграда на Дирекцијата за државни железници. За време на војната 1993-1994 година, еден дел од објектот бил даден на користење на Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, додека другиот дел го користела Дирекцијата за железници на Федерацијата на Босна и Херцеговина.

  1. ↑ Ministarstvo vanjskih poslova Архивирано на 12. 12. 2015.. Vijeće ministara Bosne i Hercegovine. Pristupljeno 9. 12. 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]