Министерство за култура на Литванија
| Министерство за култура на Литванија | |
|---|---|
| Податоци за органот |
Министерството за култура на Литванија[1] е извршен орган на Република Литванија. Министерството е одговорно за развој и спроведување на државната културна политика во областа на поддршката на професионалните и аматерските уметности, театарот, музиката, ликовната уметност, киното, музеите, библиотеките и печатените публикации, заштитата на авторските права и сродните интереси, како и заштитата на културните имоти.
Министерството ја доделува литванската национална награда за достигнувања во областа на уметноста и културата[2], како и наградата Мартинас Мажвидас за научно истражување.
Со министерството раководи министер за култура. Од 22 декември 2018 година, министер за култура е Симонас Каирис.
Министерството се наоѓа во Вилнус на улицата Ј. Басанавичијаус, број 5.
Функции
[уреди | уреди извор]- Изработка на законска регулатива поврзана со културните активности;
- Развој на уредувачки концепти и програми за поддршка на развојот на различни видови уметност, како и координација на нивната имплементација;
- Обезбедува средства за музеи, библиотеки и организации кои ја поддржуваат ликовната и музичката уметност
- Координативни активности во име на авторските и сродните права;
- Координирање на состојбата на информациската политика;
- Сметководство и заштита на културните добра;
- Развој и имплементација на меѓународни културни програми и нацрт меѓународни договори поврзани со овие програми;
- Иницирање стратегии за регионален развој на културата.
Министри за култура (1992-2018)
[уреди | уреди извор]| Министри за култура и образование | ||
|---|---|---|
| 1 | Дарјус Куолис | 23 јули 1992 година - 2 декември 1992 година |
| 2 | Дајнјус Тринкунас | 2 декември 1992 година - 9 јуни 1994 година |
1 Дајнјус Тринкунас од 9 јуни 1994 година - 5 ноември 1994 година
2 Јуозас Нјакрошјус од 5 ноември 1994 - 4 декември 1996 година
3 Саулјус Шалтјанис од4 декември 1996 година – 1 јуни 1999 година
4 Арунас Бекшта од 1 јуни 1999 – 27 октомври 2000 г.
5 Гинтаутас Кевишас од 27 октомври 2000 - 4 јули 2001 година
6 Рома Жакајтенеe од 4 јули 2001 – 29 ноември 2004 г.
7 Владимирас Прудниковас од 29 ноември 2004 – 6 јули 2006 година
8 Јонас Јухас од 18 јули 2006 - 28 ноември 2008 година
9 Ремигијус Вилкајтис од 28 ноември 2008 – 2 јули 2010 година
10 Арунас Гелунас од 2 јули 2010 – 13 декември 2012 година
11 Бирутис Сарунас од 13 декември 2012 година – 13 декември 2016 година
12 Лијана Рукит-Џонсон од 13 декември 2016 - 22 декември 2018 година
13 Миндаугас Кветкаускас од 22 декември 2018 - 11 декември 2020 година
14 Симон Кајрис од 11 декември 2020 година – денес
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ↑ „Home - Ministry of Culture of the Republic of Lithuania“. lrkm.lrv.lt. Посетено на 2025-01-28.
- ↑ „Lithuanian National Prize for Culture and Arts“. Wikipedia (англиски). 2024-11-09.