Министерство за земјоделство на Република Литванија (литвански: Lietuvos Respublikos žemės ūkio ministerija) — владин оддел на Република Литванија. Неговите дејности се утврдени со Уставот на Република Литванија, укази издадени од претседателот и премиерот и законите усвоени од Сејмата (собранието). Неговата задача е да управува со спроведувањето и да ја усогласува државната политика во делот на земјиштата, храната, рибарството, развој на селата, земјоделството. Сегашен министер на Министерството е Кестутис Навикас.
Министерството за било основано на 11 ноември 1918 година, како Министерство за земјоделство и државни средства (литвански: Žemės ūkio ir valstybės turtų ministeriją) на Република Литванија.[3] Нејзин прв министер бил Јуозас Тубелис. Било преименувано во Министерство за земјоделство на 21 јуни 1924 година.