Министерство за дигитална трансформација на Македонија
Изглед
| Министерството за дигитална трансформација | |
|---|---|
| Податоци за органот | |
| Основан | 2024 |
| Надлежност | Влада на Македонија |
| Седиште | Скопје, |
| Вработени | 72[1] (2024) |
| Годишен буџет | 84.554 милиони MKD[2] (2024) |
| Надлежен министер | Стефан Андоновски |
Министерството за дигитална трансформација или скратено МДТ — министерство во Владата на Македонија. Актуелен министер за дигитална трансформација е Стефан Андоновски.
Министерството е формирано во 2024 година како правен наследник на Министерство за информатичко општество и администрација согласно измените на Законот за влада на Република Македонија изгласани во Собранието.[3]
Надлежности
[уреди | уреди извор]- Надлежностите на министерството се[4]:
- развојот и промоцијата на информатичкото општество;
- технолошкиот развој и технолошката култура;
- подготвување на стратешки документи од областа на дигитализацијата;
- организирање и спроведување на обуки за дигитални вештини;• безбедност на мрежи и информациски системи;
- дигитализација на јавните услуги;
- администрирање со интегрирана база на лични податоци на населението на Републиката и соодветните книги за евиденција;
- создавањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа;
- интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информации, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања;
- следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународнистандарди;
- телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура;
- радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура;
- остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност;
- надзор од негова надлежност
- врши и други работи утврдени со закон.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2024 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2024. Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-04-18. Посетено на 2024-06-09.
- ↑ „Буџет на Република Македонија за 2024 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2024-06-19. Посетено на 2024-06-19.
- ↑ „МИЦКОСКИ ПРЕДЛОЖИ 20 НАМЕСТО ДОСЕГАШНИТЕ 16 МИНИСТЕРСТВА, ОБРАЗЛОЖИ ДЕКА ТОА Е ПРЕИСПИТУВАЊЕ И РАЦИОНАЛИЗАЦИЈА“. Сакам Да Кажам. 2024-06-07. Посетено на 2025-12-19.
- ↑ „Општи информации за министерството“. Архивирано од изворникот на 2018-05-02. Посетено на 2021-08-13.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 14 јуни 2012 г.
| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |