Минисметач

Од Википедија — слободната енциклопедија

Минисметач (или миникомпјутер, од англ. minicomputer) е сметач сличен по карактеристики со големите сметачи, но се со помали можности. Најчесто е сместен во една просторија, каде и работи стручно лице (системски инженер), кој управува со сметачот. Корисниците не се многу оддалечени од сметачот односно се наоѓаат во иста или во блиски згради.