Минерални соли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Минералните соли (соли на минералите) се неоргански соединенија кои се есенцијални состојки на храната. Застапени се од околу 1 до 1,5% од вкупната маса на организмот. Повеќето од минералните соли се во растворена состојба, наполно дисоцирани на јони, и тоа како катјони (натриум,калиум, магнезиум, калциум итн.) и анјони (хлор, фосфор итн.).Учествуваат во значајни метаболитички процеси, како активатори на ензимите. Тие се и структурни компоненти на молекулите, како хемоглобин, аденозин-три-фосфат, витаминот В12, хормонот тироксин итн. Минералните соли се потребни и за одржување на мембранскиот потенцијал, и за нормална активност на клетката.

Табела: Поважни минерали и нивното значење за организмот

Минерали Значење и улога Извор на минерали
Са (Калциум)
Коагулација на крвта, мускулна контракција, формирање на коските и забите Млеко, млечни производи, месо, зеленчук, житни растенија
Fe (Железо)
Синтеза на хемоглобин и транспорт на гасовите кислород и јаглерод диоксид Црн дроб, лиснат зеленчук, месо
Ј (Јод)
Синтеза на хормоните тријодтиронин и тироксин, во регулација на метаболизмот Морска храна, јодирана готварска сол
Mg (Магнезиум)
Активатор на повеќе ензими, функционирање на нервите Лиснат зеленчук, компири, месо
Р (Фосфор)
Формирање на коски и заби, синтеза на АТР и нуклеински киселини Млеко, месо, јајца, зеленчук
К (Калиум)
Функционирање на мускулите и нервите, синтеза на протеини Зеленчук
Na (Натриум)
Најважен минерал во одржувањето на водената рамнотежа, мускулната и нервната активност Готварска сол