Прејди на содржината

Минерална вода

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Минерални извори)
Извор на минерална вода

Минерална вода или кисела водавода која содржи минерали или други растворени супстанци кои го менуваат нејзиниот вкус или ѝ даваат терапевтска вредност. Најчести супстанци кои се среќаваат во минералните води се разни соли, сулфурни соединенија и разни гасови. Минералните води честопати содржат гасни меурчиња. Може да се произведуваат или да настануваат по природен пат.

Традиционално, минералните води се пиеле на изворот, и таквите места се сметале за бањи, лекувалишта или лековити извори. Честопати околу ваквите води настанувале туристички центри, дури и од стариот век.

Денес вообичаено е минералните води да се флашираат и да се дистрибуираат во малопродажба. Во светот постојат преку 3000 марки на минерални води во малопродажба.[1]

Во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во Македонија има повеќе минерални бањи: Косоврасти во Дебарско, Катланово во Скопско, Негорски бањи во Гевгелиско и др., како и извори на минерална вода: Меџитлија, Лешок и други.

Скопската населба Кисела Вода и истоимената општина е познат пример за место наречено по ваквата вода што течела во него.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]