Минаш Жераис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Минаш Жераис
Знаме на Минаш Грб на Минаш
Знаме Грб


Положба на Минаш
Главен град Бело Хоризонте
Најголем град Бело Хоризонте
Службен јазик Португалски
 - Гувернатор аесио Невес да Куња
 - Вице Гувернатор Антонио Аугусто Жуњо Анастасија
Површина  
 - Вкупно 586,528.29 km² ({{{површина поредок}}}.)
 - Вода (%) {{{вода}}}%
Население  
 - 2006 19,479,356 ({{{население поредок}}}.)
 - Густина 33.2/km² ({{{густина поредок}}}.)
БДП (ПКС) 2005 приб.
 - Вкупно 192,611,000,000 ({{{БДП поредок}}}.)
 - По глава на жител 10,012 ({{{БДП поредок по глава на жител}}}.)
ИЧР (2005) 0.800 ({{{ИЧР поредок}}}.) – висок
Валута
Часовен појас UTC
НДД [[]]
Повикувачки број +

Минаш Жераис е една од 26-те сојузни држави во Бразил, втора по население и четврта по поврчина. престолнина е Бело Хоризонте, сместена во центарот. Главен производител на кафе и млеко во Бразил.

Местоположба[уреди]

Минаш е во западниот и југоисточниот дел на Бразил. Се граничи со Баја и Гојаш (северно), Јужна Мато Грошо (на запад), Сао Паоло и Рио де Жанеиро (јужно) и со Еспирито Санто (на исток), дели мала граница и со федералниот округ.

Географија[уреди]

Во Минаш извираат највеќето реки во Бразил како Сао Франциско, Парања и Рио Доче. Државата има доста Хидроцентрали. Некои од највисоките врвови и планински вериги се во посед на Минаш, Сера да Мантиквејра Сера до Серво, државата има доста резеви на железо и злато.

Водопад во Сера до Зипо.

Секој регион во државата има посебен карактер, геогравски и до одреден степен и културен.

Историја[уреди]

Оуро Прето.
Светилиште на Bom Jesus do Congonhas (Бом Жезус до Конгоњас).
Дијамантина.
Сао Жоао дел Реј.
Inconfidência Mineira(Бразилско движење за независност).

Минаш е формирана во главно од колонисти кој трагале по злато и скапоцени камења, а подоцна и дијаманти. Името буквано значи Општи Рудници, скретено од подолгата форма Рудници од општи гори. Во 1697-ма португалците почнале со градење на "кралскиот пат" за да ги поврзат пристаништата Рио де Жанеиро и Парати со богатите со руда области околу Оуро Прето, Серо и Дијамантина.[1] прво седиште на локалната администрација бил градот Маријана; подоцна седиштето било преместено во Вила Рика. Кон крајот на 18-ти век, Вила Рика бил втор по големина град во Бразил. Со исцрпувањето на рудниците во 19-ти век градот го загубил своето значење; подоцна е прекрстен во Оуро Прето и останал престолнина се до изградбата на новиот, проектиран град Бело Хоризонте се до преминот кон 20-ти век. Релативнада изолација од Европско влијание и локалните богатства довеле до развој на сопствена култура во државава.

Во 18-ти век, комањето рудници било строго контролирано од Португалската круна. Неколку востанија се дигани од колонистите, но секогаш задушувани. позначајно е Востанието на фелипе дос Сантос кое завршило со негово погубување и отцепување на Минаш од Сао Паоло.

Поради економската вашност Минаш одиграла важна улога на национално ниво. Во 19-ти век полотичарите Жозе Бонифацио де Андрада е Силва биле инструменти во создавањето на Бразилската империја под Водство на Педро I-ви од Бразил. По создавањето на републиката Минаш ја делела контролата на национално ниво заедно со Сао Паоло.

Палеонтологијата има доста важни пронајдоци, Maxakalisaurus topai (Динопрата) фосили.Фосилите припаѓале на животно високо 13 метри со проценета тежина од 9 тони, имало долг врат и опашка и живееле пред 80 милиони години.

Демографија[уреди]

Според БИГС, во 2007-ма државата имала 19,522,000 жители со густина на населеност 33.2 ж./km².

Урбанизација: 84.7% (2006); Природен прираст: 1.4% (1991-2000); Домаќинства: 5,741,000 (2006).

Национална структура: 9,019,164 Бели (46.2%), 8,784,900 Пардо (45.0%), 1,639,848 Црнци (8.4%), 58,000 Азијати и Домородци(0.3%).[2]

Националната структура варира од град до град.

Религија[уреди]

Вера Процент Верници
Католици 78.70% 14,091,479
Протестанти 13.61% 2,437,186
нерелигиозни 4.60% 822,855
Спиритуалисти 1.59% 284,336
Умбандисти 0.11% 20,223

Извор: БИГС 2000.[3]

Економија[уреди]

Барук, 18-ти век архитектура во стил Барок , од Алејжадињо.

Секторот за услуги зема најголем дел од БДП со 47.1%, следен од индустрискиот сектор со 44.1%. Земјоделие 8.8% од БДП (2004). Извоз: железна руда 26.1%, железарија 20.9%, кафе 12.8%, нефаритивни метали 7.2%, други земјоделски производи 6.2%, возила 5.9% (2002).

Удел во Бразилската економија: 9% (2005).

Минаш Гераис (или само Минаш, како што е нарекувана држават по обичај) е голем производител на млеко, кафе и други земјоделски блага, како и минерали. Електроника исто така се произведува. Производителите на автомобли Фиат и Мерцедес-Бенз имаат фабрики. Туризамот е исто така важна гранка од економијата на државава: историските градови како Оуро Прето, Маријана, Сабара, Конгоњас, Дијамантина, Тиридантес и Сао Жоао дел Реј, се доста атрактивни со нивната архитектура. Други градови како, Аракса, Посос де Калдас, Ламбари, Каксамбу, и други, привлекуваат посетители поради нивните минерални извори.

Тривијалност[уреди]

Возила: 4,887,283 (март/2007); Мобилни: 11.3 милиони (април/2007); Телефони: 4.2 милиони (април/2007); Градови: 853 (2007).[4]

Образование[уреди]

Португалскиот е официјален. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.

Образовни институции[уреди]

  • Федерален Универзитет Минаш Гераис (UFMG)
  • Федерален Универзитет Алфенас (Unifal-MG);
  • Федерален Универзитет Итажуба (UNIFEI);
  • Федерален Универзитет Жуиз де Фора (UFJF);
  • Федерален Универзитет Лаврас (Ufla);
  • Федерален Универзитет Оуро Прето (Ufop);
  • Федерален Универзитет Сао Жоао дел Реи (UFSJ);
  • Федерален Универзитет Уберландија (UFU);
  • Федерален Универзитет Висоза (UFV);
  • Федерален Универзитет Трианголо Минејро (UFTM);
  • Федерален Универзитет Валес до Жеќитињоња е Мукури (UFVJM);
  • и други.

Култура[уреди]

Барок цркви во Маријана.

Минаш може да се нарече Длабок Бразил по аналогија на France profonde. Има повеќе сцое во однос на космополитска Сао Паоло, и повеќе традиционално отколку блекавата Рио де Жанеиро, и е повеќе португалска отколку италијанската Сао Паоло. Луѓето се сметаат за резевирани, ладни, релативно тивки, но патријалхални и дружељубиви. Една е од најрелигиозните др ави. Минаш е истотака позната по својата кујна. Државава е бразилскиот традиционален производител на сирење. Доста познати бразилски писатели се родени во Минаш: Карлос Друмонд де Андраде, Фернандо Сабино и Жоао Гуимареш Роса.

Инфраструктура[уреди]

Интернационален аеродром[уреди]

Интернационалниот аеродром Танкредо Невес е сместен во општините Лагоа Санта и Конфинс, 38 km од Бело Хоризонте, отворен е во јануари 1984-та.

Автопати[уреди]

Поради централната позиција, низ државата минуваат важни патишта, како BR-116 (Рио-Баја), BR-040 (Рио-Бразилија) и други. Повеќето од поважните бразилки рути минуваат низ Минаш, то е и причината на најголемиот број на сообракајки во однос на цел Бразил.

BR-122, BR-040, BR-135, BR-146, BR-251, BR-259, BR-265, BR-265, BR-265, BR-265, BR-267, BR-352, BR-354, BR-356, BR-356, BR-364, BR-367, BR-367, BR-367, BR-381, BR-381, BR-383, BR-383, BR-393, BR-459, BR-462, BR-464, BR-491.

Спорт[уреди]

Како и остатокот на Бразил, фудбалот е најпопуларен спорт помеѓу локалното население. Бело хоризонте има два од најуспешните тимови во земјата, и градот исто така има еден од најголемите стадиони во светот, Минејрао отворен во 1965-та.

Најстариот Стадион Independência(независност) беше домаќин на легендарната победа на тимот на САД во 1950-та со 1-0 против Англија.

Атлетико Минејро, е еден од најстарите фудбалски клубови во градот, основан е 1908-ма, бил прв бразилски шампион 1971-ва.

Крузејро е основан 1921-ва од стана на локалната италијанска заедница. Крузејро е еден од најуспешните бразилки клубови помеѓу 1990-тите и 2000-тите, освојувајки 4 Национални купови, 1 Национална лига, 2 Copa Libertadores, и 2 Supercopa Libertadores.


Знаме[уреди]

Знамето на Минаш Гераис е едно од најстаро усвоените во Бразил.

Реченицата "Libertas quæ sera tamen", на знамето, е мото напишано на Латински, преведено на португалски е Liberdade ainda que tardia и на македонски значи "Слобода, иако е од подоцна". Триаголникот го претставува Светата троица и трите идеи на Француската револуција: Liberté, Egalité, Fraternité.

Боите се избрани заради нивното револуционерно значење: Бела боја заради желбата за мирољубива нација, и црвената го симболизира огнот на слободата.

Градови[уреди]

Иако не е најголема бразилска држава, Минаш Гераис има најголем број градови. Од околу 5,500 општини во цел Бразил, Минаш има 835, Факт објаснет со соодносот на бројот жители и територијата (поголема од Метрополитанска Франција). Позначајни градови се: престолнината Бело Хорзонте, Контагем, Бетим, Жуиз де Фора, Монтес Кларос, Уберландија, Ипатинга, Убераба и Оуро Прето.

Наводи[уреди]

  1. Cheney, Glenn Alan, Journey on the Estrada Real: Encounters in the Mountains of Brazil, (Chicago: Academy Chicago, 2004) ISBN 0-89733-530-9
  2. (на Portuguese) (PDF) „Síntese de Indicadores Sociais 2007“. Minas Gerais, Brazil: IBGE. 2007. ISBN 85-240-3919-1. ftp://ftp.ibge.gov.br/Indicadores_Sociais/Sintese_de_Indicadores_Sociais_2007/Tabelas. конс. 18 јули 2007. 
  3. Sistema IBGE de Recuperação Automática - SIDRA
  4. Извор: БИГС.

y

Повеќе[уреди]

  • Cheney, Glenn Alan, Journey on the Estrada Real: Encounters in the Mountains of Brazil, (Chicago: Academy Chicago, 2004) ISBN 0-89733-530-9

Надворешни препратки[уреди]