Милчо Богоев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милчо Богоев.jpg
Роден 4 октомври 1948
Скопје, Македонија Македонија
Занимање универзитетски професор, ендокринолог

Милчо Ксентев Богоев (Скопје, 4 октомври 1948) е македонски интернист, ендокринолог, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и директор на Клиниката за еднокринологија во Скопје.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Богоев е роден во Скопје на 4 октомври 1948 година. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Скопје. Бил директор на Клиниката за ендокринологија[2], шеф на Катедрата по интерна медицина и декан на Медицинскиот факултет во Скопје од 1977 до 1979 година.[3] Членува во редакцискиот одбор на „Клиничка ендокринологија“ во Софија и член е на редакцискиот одбор на „Македонски медицински преглед“ во Скопје. Од 2002 до 2004 бил претседател на Македонското Национално Здружение за Остеопороза[4].

Библиографија[уреди | уреди извор]

Автор на 13 книги од областа на ендокринологијата и носител на 6 меѓународни студии.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​101-104
  2. „Именувани в.д. директорите на Клиничкиот центар“ (македонски). А1. 23.12.2002. конс. 2009-11-23. 
  3. „Листа на декани на медицинскиот факултет“ (македонски). Медицински факултет - Скопје. конс. 2009-11-23. 
  4. „Македонско Национално Здружение за Остеопороза - поранешни претседатели“ (македонски). Македонско Национално Здружение за Остеопороза. конс. 2009-11-23.