Милош Димковски
Изглед
| Евгениј Хоуп | |
|---|---|
Милош Димковски - Евгениј Хоуп во Куманово, мај 2022 година | |
| Роден/а | Милош Димковски 7 октомври 1991 |
| Псевдоним | Евгениј Хоуп |
| Занимање | писател |
| Националност | Македонец |
| Народност | Македонец |
| Образование | Филолошки факултет „Блаже Конески“ |
Милош Димковски, познат како Евгениј Хоуп (роден е на 7 октомври 1991 година во Куманово, Република Македонија) е македонски писател.
Биографија
[уреди | уреди извор]Евгениј Хоуп или Милош Димковски е роден на 7 октомври 1991 година, во Куманово, Република Македонија.
Дипломирал на Филолошки факултет во Скопје, отсек Општа и компаративна книжевност.
Бил дописник во Културната и Забавната редакција на Утрински весник.
Дела
[уреди | уреди извор]„Годините кога научив да летам“ е едно од најпознатите дела на Димковски и е неговото искуство од поминати 30.000 километри со авто-стоп низ светот.
Автор е и на романот Парада на марионетките (2011).