Милка Такева-Григоријевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милка Такева - Григоријевиќ
Родена 11 јануари 1935
Делчево,  Кралство Југославија, денес Македонија Македонија
Починала 24 декември 2017
Скопје, Македонија Македонија
Занимање политиколог

Милка Такева - Григоријевиќ (Делчево, 11 јануари 1935 - Скопје, 24 декември 2017) — македонски политиколог, една од најмаркатните женски личности во повоениот период на македонската политичка сцена и заслужен лик за развојот на Делчево во урбана општина.

Животопис[уреди | уреди извор]

Такева - Григоријевиќ е родена во 1935 година во Делчево и од млади години била активна на политичката сцена. Во Делчево завршила основно училиште, учителска школа во Штип, а дипломирала политички науки на Универзитетот во Белград. Била една од првите жени политиколози во поранешна Југославија. Такева-Григоријевиќ била член на градското собрание на Град Скопје, како и на општинските собранија на Центар и Гази Баба. Исто така, била и пратеник на Републичкиот собор на Собранието на Македонија, каде што ги водела Одборот за здравство и социјална политика и Одборот за труд.

Од 1981 година до своето пензионирање во 1992 година била делегат на Сојузниот собор на Собранието на Југославија[1], а од 1986 до 1988 година била и претседател на Сојузниот собор на Собранието на Југославија[2], при што во два мандата била координатор на делегатите од Македонија[3], потпретседател на Одборот за здравство и социјална политика и член на Уставната комисија.

Активно била вклучена и во сферата на женските права, како претседател на Конференцијата за општествена активност на жените на Македонија, член на претседателството на Сојузната конференција за општествена активност на жените на Југославија, како и како потпретседател на Националниот совет на жените на Македонија (СОЖМ).

За својата активност има добиено бројни признанија и одликувања, меѓу кои: Орден на Републиката со сребрен венец, Орден заслуги за народ, Орден за труд со златен венец, како и Плакета за безбедност и Плакета за цивилна заштита на Владата на Југославија.

Била мажена за Душан Григоријевиќ и има еден син, Иван.

Починала во Скопје на 24 декември 2017 година.

Наводи[уреди | уреди извор]