Милка Бабовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милка Бабовиќ
Milka Babović 2.jpg
Лични податоци
Роден(а)27 октомври 1928 (1928-10-27) (90 г.)[1]
Скопје, Македонија
Спорт
СпортАтлетика
Дисциплиниспринтерски, со пречки
КлубМладост Загреб
Успеси и титули
Лични рекорди80 м со пречки – 11.0 (1957)[1]

Милена "Милка" Бабовиќ (родена на 27 октомври 1928 г.) — поранешна хрватска атлетичарка и новинар. Таа била победник на бројни натпреварувања во спринт во поранешна Југославија, и неколку пати била прогласувана за најдобра атлетичарка. Таа исто така имала забележителна кариера како спортски новинар и телевизиски уредник.

Бабовиќ е родена во Скопје и израснала во Сараево, но се преселувала во Рума и Белград во средношколските денови. Таа дипломирала педагогија на Загребскиот универзитет.[2] Поради спортувањето во Рума, таа се приклучила на атлетичарскиот клуб Младост во Загреб и започнала да се натпреварувала во спринтерските дисциплини. Започнувајќи во 1953 година, таа ги освоила југословенските државни титули на 100 метри (еднаш), 80 метри со пречки (седум пати), 4 × 100 м (седум пати), и 4 × 200 метри (два пати). Таа била сопственик на неколку југословенски спринтерски рекорди, победила на два студентски меѓународни натпреваруваања на 80 метри со пречки во 1953 и 1957 година; и го освоила петтото место на Европското првенство 1954 на трката на 80 метри со пречки.[2] Таа три пати ја добила наградата хрватска спортистка на годината која ја доделува весникот Спортске новости, а исто така два пати била прогласена за најдобра спортистка на Југославија.[2]

Таа работела како спортски новинар во Народни Спорт од 1949 година, и се префрлила во Радиотелевизија Загреб во 1957 година кога станала прв спортски уредник. Таа останала на таа позиција, со исклучок на четиригодишна пауза, до 1975 година. Таа била повеќекратен претседател во одделот за спортски новинари во хрватската асоцијација на новинари, била член на Југословенскиот олимписки комитет во два мандати, и била член на извршниот совет на Собранието на Загреб.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Milena Babovic. trackfield.brinkster.net
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Frntić, Franjo (1983), „Babović, Milka“, Croatian Biographical Lexicon (Хрватски) 1, Leksikografski zavod Miroslav Krleža, конс. 6 јануари 2014