Миликенови експерименти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шема на апаратурата на Миликен за определување на електричниот полнеж на електронот

Миликеновите експерименти се научно-истражувачки опит за непосредна потврда на хипотезата за дискретна структура на електрицитетот, односно за постоење на елементарен електирчен полнеж[1]. Експериментите биле изведени во периодот од 1909 до 1914 година, а нивната главна идеа се состои во определување на електричниот полнеж на микроскопски мала капка масло, со сферична форма, врз основа на нејзиното движење во хомогено електрично поле на плочест кондензатор, чии плочи се поставени хоризнотално[1].

Обид[уреди | уреди извор]

Со помош на специјален пулверизатор се внесуваат малечки маслени капки во комората О, каде што тие бавно паѓаат надолку кон дното[1]. Многу од капките, благодарение на нивното триење со ѕидовите на пулверизаторот, ќе се налектризираат. Некои од маслените капки, двиежјќи се надолу стигнуваат до отворот на горната плоча на кондензаторот низ едно мало прозорче, при што со помош на микроскоп може да се набљудува движењето на маслените капки. Бидејќи набљудувањето се врши во правец нормален на светлинскиот сноп со кој што се врши осветлувањето, избраната маслена капка во полето на микроскопт се гледа како сјајна ѕвездичка на темен фон[1]. Ако на плочите на кондензаторот се донесе напон, тогаш некои од капките почнуваат да се движат нагоре, додека другите, пак, паѓаат надолу, побрзо или побавно. Тоа укажува на фактот дека маслените капки имаат различен полнеж, зарати што на нив електричното поле дејствува со сили со помал или со поголем интензитет[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Јанев, Ратко; Петковски, Љубо (2012) (на македонски). Атомска физика. Скопје: МАНУ. стр. 34–43.