Миле Топуз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Миле Топуз
Роден 1932
Македонија Кочани, Македонија


Миле Топуз е еден од најплодните македонски стрип илустратори. За првпат нацртал стрип на 24-годишна возраст, а негово прво објавено стрип дело е стрипуваната биографија на „Цар Самуил“, според сценарио на Драган Ташковски, објавена во 1962 година во весникот „Трудбеник“.[1]. Во југословенската стрип едиција „Никад робом“, Топуз има објавено поголем број на стрипови на тематика од македонската историја, меѓу кои се и оние за Хацон, крал Пребонд, цар Самоил, Климент Охридски, Гаврил Радомир, Ѓорѓи Војтех, Карпош и други.[2] Освен со стрип, Миле Топуз се занимава и со илустрирање книги и сликање.

За својата долгогодишна дејност во областа на стрипот, тој е добитник на признанието за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“ доделено од Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Томислав Османли, "Развојот на стрипот во Македонија – седум децении стриповно творештво", Стрип, запис со човечки лик, "Млад борец", 1987; "Култура", Скопје 2002; Проект Растко - Македонија
  2. Internet Macedonian, 13 февруари 2013 година
  3. Стрип признанието „Љупчо Филипов“ за Киро Донев и „Детска радост“, cooltura.mk, 4 март 2012 година

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Миле Топуз, Драган Ташковски „Hacon“, стрип едиција „Nikad robom“, бр. 109, 1967 година
  • Миле Топуз, Драган Ташковски „Kralj Prebond“, стрип едиција „Nikad robom“, бр. 112, 1967 година
  • Миле Топуз, Драган Ташковски „Car Samuilo“, стрип едиција „Nikad robom“, бр. 126, 1967 година
  • Миле Топуз, Драган Ташковски „Kliment Ohridski“, стрип едиција „Nikad robom“, бр. 134, 1968 година
  • Миле Топуз, Драган Ташковски „Car Gavril Radomir“, стрип едиција „Nikad robom“, бр. 142, 1968 година
  • Миле Топуз, Драган Ташковски „Đorđe Vojteh“, стрип едиција „Nikad robom“, бр. 160, 1968 година
  • Миле Топуз, Драган Ташковски „Karpoš makedonski seoski kralj“, стрип едиција „Nikad robom“, бр. 179, 1968 година
  • Стрип на Миле Топуз