Миле Илиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Миле Илиевски (23 октомври 1935, с. Граешница, Битолско) — македонски емигрантски активист. Заедно со други македонски емигранти во разни европски земји учествува во формирањето и раководењето на неколку македонски емигрантски организации. Поголем дел од животот го има минато во Шведска, каде живее и денес.

Во 2006 год. самостојно ја објави книгата „Документи за македонското национално движење во дијаспората (ОКМ - ДООМ - НОФМ) - прв том“, каде на 500 страници се поместени бројни документи за активностите на македонската емиграција во правец на ослободување и обединување на Македонија.