Миле Зечевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Миле Зечевиќ
Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање
На должноста
2006 – 2006
Претседател Владо Бучковски
Претходник Силјан Аврамовски
Наследник Сашо Мијалков
Лични податоци
Националност Србин
Партија СДСМ (поранешен член)
Вероисповед Православен христијанин

Миле Зечевиќ е поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија.

Зечевиќ дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1996 година и е магистрант по казнено право со положен правосуден испит.

Како член на СДСМ, Зечевиќ својата политичка кариера ја започнал во 2001 година кога во широката коалиција неколку месеци бил шеф на кабинет на министерот за одбрана Владо Бучковски. По промената на власта во 2002 година, Зечевиќ неколку месеци бил заменик-генерален директор на ЈПАУ “Македонија". При првата реконструкција на Владата на Црвенковски во 2003 година, Зечевиќ бил именуван за генерален секретар на Владата[1].

Во 2006 година бил именуван за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Миле Зечевиќ е нов директор на УБК“. Архивирано од изворникот на 2013-11-01. Посетено на 2012-11-05.