Милениумски крст
Милениумскиот крст се наоѓа на врвот Крстовар на планината Водно, непосредно над градот Скопје. Изграден е во 2002 год. Со 66 м височина, тој е еден од највисоките градби во Македонија. Неговите архитекти се Јован Стефановски-Жан и Оливер Петровски. Изграден е во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум.
Конструкција
[уреди | уреди извор]Конструкцијата на крстот започнала во 2002 и била финансирана од Македонската православна црква, македонската Влада и дарители од Македонија и Македонци од целиот свет. Крстот е изграден на највисоката точка на планината Водно на место познато како „Крстовар“, што значи Место на крстот, бидејќи таму во минатото се наоѓал помал крст. На 8 септември 2008, денот на независност на Република Македонија, во внатрешноста на крстот бил вграден лифт.
Жичница „Милениумски крст“
[уреди | уреди извор]Жичницата „Милениумскиот крст“ е жичарница со кабини која води до крстот и служи за панорамско разгледување на градот и планината. Со неа стопанисува превозникот ЈСП Скопје.
Tендерот за изградба на жичарницата е распишан на 25 ноември 2009, со краен рок за пријава на проктанти и изведувачи на 11 февруари 2010.[1] Проектот за жичарницата до Милениумскиот крст е изработен од Министерството за транспорт и врски и проектантската куќа ИНПУМА, а од него е наполно исклучена фондацијата „Милениумски крст“[1].
Жичарницата (т.е. првиот дел) е пуштена во употреба на 3 јуни 2011.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Утрински весник Архивирано на 17 април 2009 г., Жичарницата до Милениумски крст ќе ја гради Владата, пристапено на 8 мај 2010 г.
- ↑ Водно доби жичарница - build.mk
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Милениумски крст на Ризницата ?
- Жичница „Милениумски крст“
41°57′54.35″N 21°23′40.38″E / 41.9650972° СГШ; 21.3945500° ИГД
|